Радовиш
Рудникот Бучим со соопштение во врска со суспендираниот раководител кој се најде на црната листа на САД
Објавено на
Од
Media Press
Како одговор на неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон наводното руско учество во рударскиот сектор во Гватемала, во име на Солвеј Инвестмент Груп, Рудникот Бучим од Радовиш соопштува дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија.
„Солвеј Инвестмент Груп („Солвеј“) швајцарска семејна компанија, вклучувајќи ги сите подружници, вработени, службеници и директори ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење. Солвеј целосно соработува со Владата на САД преку својата американска адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP). Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на двајцата, сега веќе суспендирани вработени, према кои се насочени воведените санкции. Би сакале да напоменеме дека према Солвеј не се воведени санкции и притоа планираме транспарентно да го решиме ова прашање што е можно поскоро. Исто така, потенцираме дека санкционираниот субјект Мајаникел (Mayaniquel) не è и никогаш не бил дел од Солвеј Инвестмент Груп.
Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада. Лицата, кон кои се воведени санкции, Дмитриј Кудрјаков и Ирина Литвињук кои долги години имаа раководни позиции во подружниците, веднаш се суспендирани од нивните работни позиции во очекување на исходот од истрагата од страна на надворешен правен бранител.
Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е предмет на неодамнешната одлука на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон руското учество во рударскиот сектор во Гватемала и не е субјект кој спаѓа во рамки на наложените санкции.
Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Групацијата и легално го заврши овој процес“, стои во СООПШТЕНИЕТО ВО ВРСКА СО НЕОДАМНЕШНАТА ИЗЈАВА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА КОНТРОЛА НА СТРАНСКИ ИМОТИ ПРИ ДЕПАРТАМЕНТОТ ЗА ФИНАНСИИ НА САД (OFAC – ККСИ).
Линк до објавата на Солвеј Инвестмент Груп: https://solwaygroup.com/2022/11/18/in-response-to-the-recent-statement-by-the-us-department-of-the-treasury/
Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

