Технологија

САД ја забранија опремата од кинеските телекомуникациски компании поради ризици за националната безбедност

Администрацијата на Бајден забрани увоз и продажба на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Huawei Technologies и ZTE, бидејќи тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за американската национална безбедност. Федералната комисија за комуникации во петокот соопшти дека донела конечни одлуки со кои се забранува продажба и увоз на опрема од кинескиот производител на опрема за надзор Daha Technologies, производителот на опрема за видео надзор Hikvision Digital Technology и технолошката компанија Hytera Communications. Овој потег е продолжување на репресијата на Вашингтон против кинеските технолошки гиганти поради стравувањата дека Пекинг може да ги искористи тие компании за да ги шпионира Американците.

Овие нови одлуки се важен дел од нашите тековни активности за заштита на Американците од закани за националната безбедност кои вклучуваат телекомуникации, рече претседателката на комисијата Џесика Розенворсел во изјавата.

Huawei не сакаше да ја коментира одлуката, додека другите компании не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс. Инаку, таа комисија во јули 2021 година објави дека размислува за забрана за одобрување за сета опрема од сите фирми на списокот. Тоа следеше откако пет кинески компании беа означени како закани за националната безбедност во март 2021 година, според законот од 2019 година, чија цел беше заштита на американските комуникациски мрежи. Сите четворица комесари во агенцијата, двајца републиканци и двајца демократи, ги поддржаа последните одлуки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago