Гевгелија

Гевгелија се приклучи во глобалната КАМПАЊА против семејно насилство врз жените

Општина Гевгелија во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија се приклучија во глобалната Кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“ за oдбележување на 25 Ноември, Меѓународниот ден за борба против семејното насилство врз жената.

За таа цел, на јавните места, информативните табли и локалните институции во Гевгелија се залепени транспаренти со пораки за подигање на свеста и можноста за спречување на семејното насилство врз жената, но и спречување на семејно насилство воопшто, и врз мажите и децата:

– Како што ниеден маж нема право да крене рака на својата жена, така и ниедна жена нема право да крене рака на својот маж! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Како што ниедна жена не треба да биде навредувана, туку почитувана, така и ниеден маж и ниедно дете не треба да бидат навредувани, туку почитувани! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Ниту една жена, ниту еден маж и ниту едно дете не треба да се почувствуваат небезбедно, загрозено и несигурно во својот дом! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Никој не треба да трпи семејно насилство! Потсети се на ова и пријави семејно насилство!

– Не дозволувај финансиите во семејството да бидат причина за злоупотреба! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Телото на жена, маж или дете не е за искористување и за задоволување на сопствените сексуални нагони! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Детето не е за ништо виновно на светот за да биде запоставено! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Не сте силни ако ја покажувате својата сила кон послабите!Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– Не дозволувај твојот близок да биде жртва на семејно насилство! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

– И негрижата за старите и изнемоштени лица во семејството се смета за семејно насилство! Потсети се на ова и спречи семејно насилство!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago