Која е
вашата прва асоцијација кога се спомнуваат цепелини и воздушни бродови?
Почетокот на 20 век? Авионски несреќи? Да, тоа се чести асоцијации бидејќи овие
големи авиони, наполнети со гас полесен од воздухот, се користеле од почетокот
на 20 век до 40-тите години за превоз на патници, но и за воени цели. Има и
несреќи кои остануваат запаметени, како онаа со воздушниот брод Хинденбург во 1937
година или британскиот воздушен брод R101 кој се урна за време на неговиот прв
лет во 1929 година.
Но, тоа
се приказни од историјата, сега стари речиси еден век. Сепак, приказната за
воздушните бродови сè уште не е завршена, згора на тоа, таа се развива и
надградува и може да биде составен дел од нашата иднина. Денешните воздушни
бродови се далеку понапредни верзии на нивните предци. Понатаму, тие
претставуваат потенцијално решение (или барем дел од решението) на проблемот со
загадувањето на животната средина создадено со употреба на современи патнички
авиони.
Денешните
воздушни бродови, исполнети со хелиум, имаат помали т.н јаглеродниот отпечаток
од другите типови на авиони. Покрај тоа, тие се помалку бучни, поудобни, не
толку тесни…
Но,
дали воздушните бродови денес (и многу блиска иднина) можат навистина да бидат
сите во едно – поеколошки, побезбедни, но и побрзи? Да, новите воздушни бродови
имаат потенцијал целосно да ја променат авијацијата како што ја знаеме.
Не е
тајна дека еден од најголемите загадувачи во денешниот свет се комерцијалните
патнички авиони. Се разбира, најдоброто нешто што можеме да го направиме за
природата е едноставно целосно да престанеме да користиме авиони, но очигледно
е дека шансите тоа да се случи се мали. Денес, едноставно е невозможно да се
замисли свет без воздушен сообраќај…
Сепак,
тоа не значи дека ситуацијата треба да се остави таква каква што е. Ако е
возможен дури и мал напредок, тој дефинитивно е потребен, а компаниите веќе
извесно време работат во потрага по алтернативи кои би биле побезбедни за
животната средина и во исто време можеби уште посоодветни за пренос на патници.