Радовиш
Радовишанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од четири лица
Published
1 година agoна
By
Media PressСиноќа после полноќ едно лице од Радовиш пријавило во полиција дека четири лица физички го нападнале на улица „Калузлиска“.
„На 21.11.2022 во 02.00 часот во Полициската станица Радовиш, Ј.А.(21) од Радовиш, пријавил дека околу 01.00 часот на улица „Калаузлиска“ во Радовиш бил физички нападнат од Т.Ј., Џ.„Н“., Ј.„Н“. и Т.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во известувањето од СВР Струмица.
Поврзани содржини
Пријава во полиција за физички напад во казино во Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Две пријави во ПС Радовиш за нарушување на јавниот ред и мир и за физички напад, во текот на вчерашниот ден
Две пријави за физички напад во селата Бучим и Тополница
Пронајдена почината жена во деловен објект во Струмица, случајот пријавен во полиција
Лишен од слобода вработен во Државен пазарен испекторат поради примање поткуп
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
17 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
22 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.