Connect with us

Радовиш

До петок истекува јавниот конкурс за стипендирање на ученици кој го објави Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш објави Јавен К О Н К У Р С за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2022/2023 година.

За учебната 2022/2023 година, општина Радовиш ќе додели:

16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици (без социјални критериуми) од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.

Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.

Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

8 (осум) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 5 (стипендии во прва година – по една стипендија за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV  година.

Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

Потребни документи за учество на конкурсот

  1. Барање од учениците до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
  5. Препорака од менторот ;
  6. Препорака од наставничкиот совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта, или пасош и
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија

Напомена:

Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :

– Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот во текот на минатата година и

– Потврда за плата на родителите, или потврда од Агенцијата за вработување дека се пријавува како невработено лице, за периодот од Јануари заклучно со 30 Септември за тековната година.

Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.

Општина Радовиш доделува вкупно 5 (пет) стипендии на талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми, ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.

Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.

Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование

Потребни документи за учество на конкурсот

  1. Барање до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Дипломи за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, организирани единствено преку образованиот систем ;
  5. Препорака од ментор ;
  6. Препорака од наставнички совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта или пасош ;
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија ;
  10. Семејно уверение ;
  11. Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2021 год.;
  12. Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2022 заклучно со месец Септември 2022 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.
  13. Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)

Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови :

– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија

– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.

Напомени:

Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат (да заокружат) по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :

-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или

-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми

Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.

-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.

Место и рок за поднесување на документите

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“

Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 14.11.2022 год. (Понеделник) заклучно со 25.11.2022 година (Петок).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот

Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор, информира Општина Радовиш.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе