Connect with us

Радовиш

Денеска се празнува Свети Aрхангел Михаил – водачот на небесните војски

Media Press

Published

на

Православните верници денска го слават Св. Архангел Михаил. Црковните храмови денеска беа полни со верници кои присуствуваа на божествен литургија.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември, меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Житието вели, пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет ‒ ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши, Архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Свети Архангел Михаил е есенски празник. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во повеќе краишта се слави и како празник на сточарите и месарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста, ни понатаму може да се доставуваат предлози и сугестии.

„Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината.

Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023  (погледни) 

Прочитај повеќе

Радовиш

Во 2023 година Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон

Media Press

Published

на

Во 2023 година  Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон, ова го најави Велосипедската федерација на Македонија.

„Во општина Радовиш велосипедскиот клуб “Бел Камен” долги години го развива планинскиот велосипедизам. Во минатото Ацо Ристов како приватен стопанственик беше најголем поддржувач на локалниот клуб а сега како градоначалник уште повеќе се залага за развој на велосипедизмот и спортот воопшто во овој регион. Во 2023 година општината ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон на кој се очекува учество на повеќе стотини велосипедисти од сите краишта на Македонија“, стои во објавата од Велосипедската федерација на Македонија по средбата со градоначалникот Ацо Ристов и претседателот на велосипедскиот клуб “Бел Камен” од Радовиш, Ристе Кукутанов.

Прочитај повеќе

Радовиш

За прв пат во Радовиш отворен Центар за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство

Media Press

Published

на

Жртвите на семејно насилство  од општините Радовиш и Конче отсега ќе можат да се обратат за помош во Центарот за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство кој денеска беше отворен во зградата на поранешниот факултет во центарот на Радовиш. Како активност од втората компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен овој „Центар за поддршка на жени“. Носител на Проектот е УНДП и Бирото за регионален развој, а финансиски поддржан и од двете општини Радовиш и Конче на иницијатива и во соработка со здружението Женска акција од Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност до УНДП, до Бирото за регионален развој и до здружението „Женска акција“ за реализацијата на овој проект. Тој се надева дека нема да има потреба многу да се користи, но во случај да има потреба, жртвите можат да се обратат за помош, било да се работи за жени или за мажи.

Вакви центри во Македонија има 11 меѓу кои и центарот во Радовиш, според УНДП целта не е само да им се помога на жртвите туку и да се работи на превенција, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.  

Центарот е отворен во соработка со Женска акција од Радовиш и во него, психосоцијална поддршка на жртвите ќе дава психологот Кристина Коцева,   како и помош во посредство помеѓу институциите. Истиот ќе биде отворен секој ден од 09 до 17 часот.

Вредноста на Проектот е 3.600.000 денари, од кои УНДП и Бирото за регионален развој како носители, учествуваат со 2.600.000 денари и општините Радовиш и Конче со 1.000.000 денари.   

Центарот е отворен во склоп на 16 дена активизам против родовобазирано насилство, глобална акција која започнува на 25 ноември и завршува на 10 делември , рече Иванка Соколова од Женска акција која даде голем придонес во отворањето на овој центар и практично беше иницијатор на поектот.

Прочитај повеќе