Connect with us

Радовиш

Градоначалникот Ристов со прво формално обраќање, по напуштањето на седницата од страна на советниците од СДСМ

Media Press

Published

на

Советниците од советничката група на СДСМ при Советот на Општина Радовиш вчера ја напуштија седницата  поради како што велат непочитување на деловникот за работа,  односно подметнување на точки НЕ поминати на Комисија и закажување на Комисии пред Седници.

Спорни беа двете точки од дневниот ред 25 и 26: Предлог одлука за избор на членови на Одборот на директори на АД за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш и Предлог решение за избор на членови на Одборот на директори на АД за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш, кои беа отврлени од дневниот ред на претходната седница за да се дадат на дополнително разгледување.

„Денеска имаше закажана комисија за мандатни прашања во 10 часот а синоќа го добивме материјалот за двете точки од дневниот ред 25 и 26. Зошто се вметнати двете точки кога денеска се одржа комисијата, рече координаторот на Советничката група на СДСМ Симона Цветаноски, по што претседателката на Советот Моника Трајанова рече дека двете точки се од претходната седница, кои беа оставени на доразгледување на комисија и дека не гледа ништо спорно во ова. По оваа дискусија советниците од СДСМ ја напуштија седницата со образложение дека не се работи деловнички.

Напуштањето на седницата го испровоцира и првото формално обраќање на градоначалникот Ацо Ристов кој ги замоли советниците да си ја сватат сериозно работата на Советот и да ја остават политиката настрана.

„Да ги повикам советниците да си ги прочитат своите обврски согласно законот, која е улогата на советникот во општината зошто се тие изгласани од граѓаните и како треба да дејствуваат. Ние не сме дојдени овде за да исполнуваме лични желби и лични барања и не сме дојдени овде да водиме политика. Политика се води за време на избори, откако ќе завршат изборите граѓаните ве избрале да носите одлуки од животно значање за нив. Денешната седница, на која што прв пат советниците од СДСМ ја напуштија без никакво објаснување под изговор дека е прекршен деловникот за работа, јас не го оправдувам и нема да го толерирам во иднина. Одговорноста ќе си ја носат тие“, рече меѓу другото градоначалникот Ристов во своето формално обраќање пред советницит, притоа уште еднаш потенцирајќи до советниците сериозно да си ја сфатат својата работа.

Ристов додаде дека досега одговарал на сите прашања со цел граѓаните да добијат соодветен одговор и општината била отворена и транспарентна за се што се работи и како се трошат парите на граѓаните.

„Се уште не сме почнале сериозно да разговараме за инвестиции за образование и слично, за што допрва ќе разговараме бидејќи поминавме една кризна година, полна со предизвици и споредувајќи се со другите општини, Општина Радовиш ја помина годината без долгови„ додаде Ристов во своето обраќање.

Претседателката на Советот Моника Трајанова се надоврза на говорот на градоначалникот и даде дополнително образложение дека советничката Цеветаноски била присутна на Комисија за мандати и именувања и гласала против, за што побара одговор и од претседателот на комисијата Страхил Гавритов, кој го потврди истото.

На вчерашната седница на Советот беше изгласана и предлог одлуката за измени и дополнување на третиот ребалнас на Буџетот на Општина Радовиш

Радовиш

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко

Media Press

Published

на

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко. Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот во Општина Радовиш, на организиран настан во салата за состаноци во општинската зграда.

Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и анализа на екологијата во Радовиш во рамките на проектот   АДАПТ, организиран  во  партнерство  со  Министерството  за  животна  средина  и просторно планирање и Центарот за управување со кризи.

Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан.

На настанот се преставија прелиминарните резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот, анализата на живеалиштата и препораки за имплементација на мерки за решенија засновани врз природата за имплементација на локацијата во Радовиш, информираат од општината.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ја доби Европската ознака за извонредно управување

Media Press

Published

на

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска вчера им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

Прочитај повеќе