Connect with us

Македонија

Тупанчески:Моделот за избор на шеф на ОЈО ГОКК покажа слабости, потребни се негови измени во однос на построги правила и критериуми

Media Press

Published

на

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека изборот за шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција покажал одредени слаболсти  и дека е нопходно да се пристапи кон негови измени во однос на построги критериуми и правила.Одговарајќи на новинарски прашања, Тупанчески рече дека за избор ќе мора да се додаде цензус како и да се разгледа опцијата за воведување втор изборен круг или пак дополнителен критериум.

„Некои параметри останаа недефинирани докрај, во смисла на тоа, ќе се обидам да карикирам, што може првиот човек на организиран криминал  да биде избран само со еден глас од страна на едно лице. Ќе мора тука да се додаде цензусот, дали ќе има потреба од втор круг на избори, од некој дополнителен критериум Во нашата држава  главниот проблем не е квалитетниот закон, туку се судираме со суштинскиот проблем, а тоа е капацитетот на институциите и интегритетот“, изјави Тупанчески.Прашан за коментар во однос на фотографиите на новиот обвинител за организиран криминал Ислам Абази со лица од ДУИ , министерот Тупанчески рече дека времето ќе покаже дали хипотезите имаат реална основа.

„Изјавата на мојот заменик, Нухиу, не беше дадена од Министерството за правда. Ги видов фотографиите кои имплицираат дека избраниот обвинител има комуникација со некоја политичка партија. Времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали овие хипотези имаат реална основа. Комуникацијата не може да биде исклучена, но да не биде злоупотребена“, рече Тупанчески.

Со тесна разлика од два гласа, Ислам Абази беше избран пред два дена за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал, кој ја наследи Вилма Русковсвска. За него гласале 66 обвинители. Зад него е скопскиот обвинител, Ермон Незири со 64 гласа, а Русковска и Пауновска имале неколкукратно помалку гласови.

Станува збор за обвинител родум од Зајас, родното место на Али Ахмети, лидерот на ДУИ. А во ова село и во Кичево е и имотот што го има пријавено во анкетниот лист.  Абази е прв обвинител за организиран криминал кој е избран од колегите на директно гласање по новите законски одредби.

Македонија

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден

Media Press

Published

на

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија

Како што информира  Министерството за внатрешни работи вчера била  спроведена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 287 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Прочитај повеќе

Македонија

Ковачевски: Откупот на тутунот годинава стартува со над 26% повисока цена

Media Press

Published

на

Просечната откупна цена на тутунот во моментот е 252,80 ден/кг или во однос на 2021 година е за 26,12% (200,44 денари/кг) повисока, рече премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање. Ковачевски рече дека тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо производство, а Владата обезбедува мерки кои даваат позитивни резултати.

“Законски откупот треба да почне најдоцна до 15-ти декември, годинава откупот на тутунот од реколтата 2022 годинава започнува од понеделник и можам да кажам дека според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот.

Динамиката за откуп е многу поголема во споредба со претходната година и согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна до 15-ти декември во тековната производна година и завршува најдоцна до 28-ми февруари во наредната година (односно најдоцна до 31-ви март за вишок на произведен тутун на договорените површини за производство на тутун).

Оваа година откуп на тутун ќе вршат десет компании кои се пријавени на 200 откупни пунктови низ државата.

Податоците покажуваат дека ова година има повеќе склучени договори за откуп за разлика од претходната година. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Пораст има и кај договорената површина каде што има зголемување за 14,14 %.

Оваа година се очекува да се откупи 21.000 тони тутун што е за 12,5 %  повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тони тутун. Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, рече во својот говор Ковачевски.

Прочитај повеќе

Економија

Просечната исплатена нето-плата во септември годинава изнесувала 32 553

Media Press

Published

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Минималната синдикална кошница која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) изнесува 50.224 денари за септември.

Од ССМ предупредуваат дека инфлацијата излегла од контрола и дека според последните пресметки достигнала 18.7 отсто, владата, како што велат, не преземала ништо во изминатиот период да се спречи галопирачкиот раст, додека трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува туку напротив газдите се закануваат со откази.

Прочитај повеќе