Connect with us

Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за обид за убиство

Avatar

Published

на

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 29.10.2020 година, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг. Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот,  по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот.“ – стои во соопштението од ОЈО Гевгелија

На осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради  основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание  врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе