Connect with us

Радовиш

„Стани згрижувач“ кампања спроведена на плоштадот во Радовиш, за подигање на свеста за што поголем број на граѓани да станат згрижувачко семејство

Media Press

Published

на

„Подај рака и стани згрижувач“ проект кој го спроведува МТСП и СОС Детско Село заедно со Центрите за заштита на згрижувачките семејства и локалните самоуправи.

 За подигање на свеста за што поголем број на граѓани да станат згрижувачко семејство, во саботата во Радовиш, беше спроведена кампања  „Стани згрижувач“, за запознавање на сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можеа да се информираат, повеќе за згрижувањето.

За таа цел беше присутен и заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин. Тој заедно со градоначалникот Ацо Ристов и пратеникот Коле Чаракчиев кој беа присутни на поставениот штанд во центарот на Радовиш,  остварија и одредени контакти со граѓани за одблиску да ги запознаат околу згрижувањето на деца.  

Занчењето на згрижувачките семејства за општеството го потенцира и градоначалникот Ацо Ристов како и пратеникот Чаракчиев.

Настанот беше со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото, со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина.

Според Директорот на ЦСР, Радовиш Александар Филев, во општините Радовиш и Конче има потенцијал за згижување на деца но не се доволно информирани. Тој ги повика граѓаните да дојдат во просториите на ЦСР во Радовиш и да се информираат за условите за згрижување како и за поддршката која ја дава државата за овие семејства.  

На поставениот штанд своето искуство го пренесе Аврамовска Љубица, жена- мајка, згрижувачвеќе 12 години, која досега згрижила вкупно 15 деца.

Радовиш

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста, ни понатаму може да се доставуваат предлози и сугестии.

„Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината.

Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023  (погледни) 

Прочитај повеќе

Радовиш

Во 2023 година Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон

Media Press

Published

на

Во 2023 година  Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон, ова го најави Велосипедската федерација на Македонија.

„Во општина Радовиш велосипедскиот клуб “Бел Камен” долги години го развива планинскиот велосипедизам. Во минатото Ацо Ристов како приватен стопанственик беше најголем поддржувач на локалниот клуб а сега како градоначалник уште повеќе се залага за развој на велосипедизмот и спортот воопшто во овој регион. Во 2023 година општината ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон на кој се очекува учество на повеќе стотини велосипедисти од сите краишта на Македонија“, стои во објавата од Велосипедската федерација на Македонија по средбата со градоначалникот Ацо Ристов и претседателот на велосипедскиот клуб “Бел Камен” од Радовиш, Ристе Кукутанов.

Прочитај повеќе

Радовиш

За прв пат во Радовиш отворен Центар за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство

Media Press

Published

на

Жртвите на семејно насилство  од општините Радовиш и Конче отсега ќе можат да се обратат за помош во Центарот за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство кој денеска беше отворен во зградата на поранешниот факултет во центарот на Радовиш. Како активност од втората компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен овој „Центар за поддршка на жени“. Носител на Проектот е УНДП и Бирото за регионален развој, а финансиски поддржан и од двете општини Радовиш и Конче на иницијатива и во соработка со здружението Женска акција од Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност до УНДП, до Бирото за регионален развој и до здружението „Женска акција“ за реализацијата на овој проект. Тој се надева дека нема да има потреба многу да се користи, но во случај да има потреба, жртвите можат да се обратат за помош, било да се работи за жени или за мажи.

Вакви центри во Македонија има 11 меѓу кои и центарот во Радовиш, според УНДП целта не е само да им се помога на жртвите туку и да се работи на превенција, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.  

Центарот е отворен во соработка со Женска акција од Радовиш и во него, психосоцијална поддршка на жртвите ќе дава психологот Кристина Коцева,   како и помош во посредство помеѓу институциите. Истиот ќе биде отворен секој ден од 09 до 17 часот.

Вредноста на Проектот е 3.600.000 денари, од кои УНДП и Бирото за регионален развој како носители, учествуваат со 2.600.000 денари и општините Радовиш и Конче со 1.000.000 денари.   

Центарот е отворен во склоп на 16 дена активизам против родовобазирано насилство, глобална акција која започнува на 25 ноември и завршува на 10 делември , рече Иванка Соколова од Женска акција која даде голем придонес во отворањето на овој центар и практично беше иницијатор на поектот.

Прочитај повеќе