Радовиш
Положено свежо цвеќе по повод 6-ти Ноември денот на ослободувањето на Радовиш
Published
1 година agoна
By
Media PressСо положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во паркот на младите во Радовиш беше одбележан 6-ти Ноември односно 78 години од ослободувањето на градот.
Пред присутните делагаци за значењето на 6-ти ноември за Радовиш, зборуваше претседателот на Сојузот на борците Јован Јовановски, по што цвеќе положија повеќе делегации.
Цвеќе положија делегација од Општина Радовиш со градоначалникот Ацо Ристов, потоа делегација од Советот на Општина Радовиш, делегација од Сојузот на борците од општините Радовиш и Конче, делегација од Полициската станица во Радовиш, делегација од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, делегација од ОО на СДСМ, делегација од ДПТ, делегација од ЗПОРК, делегација од Рудници Бучим и Боров Дол и поранешниот управител на Бучим Николајчо Николов.
Поврзани содржини
Положено свежо цвеќе по повод празникот 6-ти Ноември – 79 години од ослободувањето на Радовиш од фашистичкиот окупатор
Со полагање на свежо цвеќе одбележани 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
Свечена седница по повод одбележувањето 78 години од ослободувањето на Радовиш, 6 Ноември
Општина Радовиш со повеќе активности ќе го одбележи 6 Ноември, 78 години слободен Радовиш
Струмица одбележа 78 години од своето ослободување
Со положување на свежо цвеќе Општина Радовиш го одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.