Василево
Совет на општина Василево ја одржа 15-та седница, Градоначалникот ги обвини Советниците од СДСМ и Коалицијата за неодговорно однесување
Published
1 година agoна
By
Media Press
Советот на општина Василево ја одржа редовната 15-та седница, чиј дневен ред, по дополнувањето имаше вкупно 11 предлози и сите беа усвоени.
Во работата на Советот не учествуваа Советниците од Советничката група на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, кои ја напуштија Седницата со образложение дека секоја Седница, започнува со задоцнување, што е неодговорно и воопшто не е добро за сите кои учествуваат или на некој начин се поврзани со активностите на Седницата. Напуштањето на Седницата, од страна на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше оквалификувано како неодговорно со образложение дека Советниците се избрани од граѓаните и не треба со паушални изјави за 10-15 минутно каснење да ги напуштаат Седниците, бидејќи тие се избрани од граѓаните на општина Василево и треба да си го заслужат надоместокот.
Во образложението за кварталните извештаи, Квартален извештај за извршување на Буџетот (К1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување (К3), сите за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година, градоначалникот Андонов рече: „За прв пат после неколку години долгот на општина Василево за месец и пол е намален за три милиони денари, а сите сте сведоци дека тековно си течат сите проекти и сите потреби на граѓаните согласно нашите можности се реализираат“.
На дневен ред на денешната седница беше и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за периодот 01.01.2022 до 30.09.2022 година, според кој ова јавно претпријатие во споменатиот период има добивка од 363 988 денари. Советот го прифати и Предлогот за разрешување на Тони Еркечев од претседател на Надзорниот одбор на ЈПКД Турија и на негово место го именува Томе Спасов.
Советниците ја усвоија и Предлог-Одлуката за измената на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022. Измената е во рамки на Програмите Основно образование и Детски градинки и се однесува на внатрешна пренамена на средствата од една во друга ставка.
На дневен ред беа и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистичли планови во општина Василево за 2022 година и Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2022/2023 година во зимски услови. И двете го добија потребното мнозинство.
Советниците позитивно одговорија и на неколкуте Барањата за финансиски средства поднесени од физички и правни лица.
Поврзани содржини
Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница
Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево
Исплатени средствата за еднократна парична помош за првачињата во општина Василево
Седларци доби уредено катче во центарот на населеното место
Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево
Се бара решение за формирање на комбинирани паралелки во подрачното училиште во Калаузлија, на седница на Совет
Василево
Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој на покана од жителите од с. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.
„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа. Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”, додадава градоначалникот Андонов кој упати честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место. „Благословено нека е“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Василево
Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 24, 2023By
Media Press
Општина Василево спроведува градежни активности на подготовка на една од улиците за асфалтирање во населеното место Добрашинци. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува и нејзино асфалтирање.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.
Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.
Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

Василево
Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денеска беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, кој беше во работна посета на општината.
На состанокот во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево. Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.
По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
