Василево
Општина Василево започна со изградба на нова улица во Градашорци
Published
1 година agoна
By
Media PressОпштина Василево, ги започна активностите за изградба на улица во Градашорци.
-Инфраструктурата како основен фактор за нормално одвивање на секојдневието и нејзино подобрување се наша обврска како локална самоуправа, но и врвен приоритет се додека секоја улица во секое населено место не биде асфалтирана, е ставот на градоначалникот Андонов.
Улицата е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година и истата ќе се изведува со бекатон плочки. Согласно проектната документација, должината на оваа улица изнесува 150 метри а ширината е околу 3,5 метри односно вкупната површина на која ќе се постави бекатонот е 570 м2 .
Буџетот во висина од околу 620 000 денари е обезбеден од општинската каса.
Поврзани содржини
Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево
Започна асфалтирањето на улицата во село Калуѓерица
Асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево
Во завршна фаза е изградбата на две нови улици во Калуѓерица
Започна изградбата на улица во Едрениково од Програмата за патишта за 2023 на Општина Василево
Со асфалтирање на улицата во Пиперево, Општина Василево за оваа година ги завршува планираните асфалтирања
Василево
Дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, ја најавија пролетта
Published
4 недели agoна
март 21, 2024By
Media PressДечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, денес, со прошетка низ Василево, заедно со нивните воспитувачки, го најавија доаѓањето на пролетта.
Маскирани во боите на пролетта, нивните омилени јунаци и кокичињата кои први ја најавуваат пролетта, веста за нејзиното доаѓање ја споделија и со градоначалникот на општината Славе Андонов, кој им посака секој ден да им биде среќен и весел, токму како денешниот.
Детските насмевки и смеата беа потврда дека вистински уживаат во денешната улога- весници на пролетта.
Инаку пролетта која започнува денеска на 21 март, ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Рамноденицата, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамноденица била прославувана и како почеток на новата година.
Василево
Советот на општина Василево ја одржа 36-та седница, усвоени завршните сметки на општината и институциите во нејзина надлежност
Published
1 месец agoна
март 14, 2024By
Media PressВчера, Советот на општина Василево ја одржа редовната 36-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно шест точки, меѓу кои и Завршните сметки за 2023 година на општина Василево, на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, како и Завршната сметка на ЈПКД „Турија“; Василево.
Сите точки го добија потребното мнозинство и беа изгласани од страна на Советот на општина Василево. Дискусија предизвика Завршната сметка на Комуналното претпријатие „Турија“, кое според Извештајот за 2023 покажува загуба во работењето во износ од 918 101 денари. Вкупните приходи на претпријатието, по сите основи во 2023 година се 20 664 376 денари, а расходите изнесуваат 21 582 477 денари. Образложение даде и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој причините за негативното салдо ги лоцираше во недостигот од работна рака, зголемување на износот на дневниците на ангажираните работници, како и во средствата вложени во сериозните поправки на возилата за смет, неопходни за нормално функционирање на Јавното комунално претпријатие. Од страна на Советниците беше посочен и проблемот со ниската цена на услугите, посебно на цената за собирање на смет, како и проблемот со големиот број граѓани-неплаќачи, кои и покрај тоа што се редовни корисници на услугите, сметките не си ги подмируваат. Без дискусија и без расправа, со 8 гласови „за“, усвоена беше и Завршната сметка на Буџетот на општина Василево за 2023 година. Согласно материјалите доставени до советниците од страна на Одделението за финансии, во Буџетот на општина Василево во кој спаѓаат и буџетите на единките корисници односно основните училишта и детската градинка, од планираните 198 322 457 денари, реализирани се 171 752 686 денари. Кај основниот Буџет (Буџетот на општината без буџетите на единките корисници), од планираните 87 000 000 денари, реализирани се 71 869 453 денари.
Советниците на оваа седница ги усвоија и Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година и Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести и План за спроведување на дезинсекција и дератизација во 2024 година
Василево
Целосно исчистена дивата депонија во с. Василево
Published
1 месец agoна
март 12, 2024By
Media PressДивата депонија во населеното место Василево, лоцирана во близина на големото фудбалско игралиште е целосно отстранета. Ридовите отпад депонирани на површина од околу 20 декари се дислоцирани, просторот е израмнет и подготвен за негово идно планско уредување.
Отпадот беше дислоциран на депонијата Шапкар во Добрашинци и старата депонија во с. Василево, каде што граѓаните и во иднина ќе може да одлагаат отпад .
Aктивностa за дислокација на депонијата која повеќе од една деценија го загадуваше централното подрачје на Општина Василево, започна во средината на минатиот месец. Местото на кое се наоѓаше дивата депонија како шти најавува градоначалникот Славе Андонов, ќе биде соодветно уредено.