Connect with us

Гевгелија

СОВЕТОТ на Општина Гевгелија ќе заседава на 28 октомври

Media Press

Објавено на

На 28 октомври, 2022 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 16 седница. На оваа седница, ќе биде разгледана Предлог-Одлуката за склучување Договор за долгорочен кредит помеѓу Општина Гевгелија и Комерцијална банка АД Скопје за реализација на капитален инвестиционен проект. Станува збор за долгорочно задолжување на Општина Гевгелија, со намена за проектот „Изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа на улица „Св. Климент Охридски“ во Гевгелија.

Покрај ова, на седницата ќе уследат и разгледувања на неколку одлуки од областа на урбанизмот, за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за Урбан блок 15.11, општина Гевгелија и Предлог-Одлука за прекинување на постапката за донесување на УП вон населено место за индустриска зона „Билото“ КО Прдејци, како и неколку иницијативи од баратели за изработка на Урбанистички планови и утврдување на правен статус на бесправно- изградени објекти.

На дневниот ред за 16 седница се предвидени и носењето Предлог-Одлука за доделување стипендии на талентирани ученици од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети за академската 2022/2023 година, разрешување стар и именување нов член во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Предмет на расправа ќе биде и Годишниот план за вработување за 2023 година на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а пред Советот ќе уследи и информација за состојбата со дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија.

Седницата ќе биде одржана во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе