Connect with us

Радовиш

Утре, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Скопје

Media Press

Published

на

РК Радовиш активно се подготвува за натпреварот во СУПЕР ЛИГА со РК Скопје, кој ќе се одигра на домашен терен, во Спортската сала “25 во Радовиш, утре, сабота 22 октомври, со почеток во 18 часот.

„Иако досега немавме поголеми успеси сепак се чувствуваме подготвени за утрешниот натпревар и алудираме на победа. Ја повикуваме радовишкта публика да дојде во што поголем број за да не бодри од трибините“, рече Живко Андонов, член на тренерскиот тим на РК Радовиш.

Инаку РК Радовиш одигра 5 натпревари од кои 2 нерешени и 3 порази. За натпреварот со РК Скопје активно се подготвуваат и се надеваат на победа, да ги израдуват радовишани и нивните поддржувачи.

Радовиш

Изложба на фотографии од ,,Русија најубавата земја,,

Media Press

Published

на

Во склоп на манифестацијата „Самун ем Татлија“ која се одрѓжа минатиот викенд, беше поставена изложба од фотографии од Руското географско друштво на Србија и гостите од Србија со Професор Мирољуб Миличич од Факултетот за Географија при Универзитетот во Белград.Оваа изложба со наслов „Русија најубавата земја“ пријави голем интерес од постителите, кои имаа можност да ги погледнат прекрасните фотографии кои се колаж од финалисти избрани од конкурсот кој во Русија се организира секоја година.

16166 sharesLikeCommentShare

Прочитај повеќе

Радовиш

Времена измена на сообракајниот режим во Радовиш

Media Press

Published

на

Почитувани сограѓани,

ЕЛС општина Радовиш, согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и Законот за Локална самоуправа а во врска одржување на манифестациите „Радовишки собор“ и „Самун ем Татлија“ донесе ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режимот на сообраќајот.Времената забрана за сообраќај и времениот режим на сообраќај ќе започне од 29.09.2022 год (Четврток) и ќе трае до 03.10.2022 год. (Понеделник).Режимот на сообраќај за време на Манифестацијата „Самун ем Татлија“ во општина Радовиш е согласно доставениот сообраќаен проект и даденото Одобрение од СВР – Струмица а се однесува на улиците „22 Октомври“, „1 Мај“, „Коста Сусинов“ и ул.„Партизанска“.

Ве молиме за разбирање и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишките пчелари го промовираа медот и производите од мед на „Меден Радовиш“

Media Press

Published

на

Во рамките на одбележувањето на заштитникот на градот Радовиш Свети Спасо Радовишки за прв пат беше организирана и манифестацијата МЕДЕН РАДОВИШ на која пчеларите имаа можност да изложат мед и други пчелни производи на посебни штандови за да можат радовишани да дегустираат но и да си купат.

Пчеларите ја поздравија ваквата манифестација на која можеа да го промовираат медот и пчеларството како значајна гранка која во последно време се повеќе зема замав во општина Радовиш.

Оваа манифестација е на иницијатива на Здруженеито на пчелари кое брои околу 60-тина членови а поддржана од Општина Радовиш и Министерството за земјоделие.  

манифестацијата ја отвори градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ќе се настојува да прерасне во традиција бидејќи како што рече медот повеќе не е само лек туку и храна. 

Ацо Ристов – Градоначалник на Општина Радовиш

Манифестацијата Меден Радовиш беше во организација на Општина Радовиш а во соработка со ЦК Ацо Караманов и здружението на Пчелари од Радовиш , подржана и од Министерството за земјоделие.

Прочитај повеќе