Connect with us

Василево

Општина Василево со градежни активности во село Радичево, асфалтирана нова улица

Media Press

Published

на

Локалната самоуправа Василево, во населеното место Радичево  асфалтираше улица во должина од 200 метри и ширина од околу 3,5 метри, за која од сопствениот Буџет обезбеди околу  1 000 000 денари. На лице место беше градоначалникот на општина Василево  Славе Андонов, кој во изјавата за  за медиумите меѓу другото рече дека со асфалтирањето на оваа улица, општина Василево практично започнува со реализација на Програмата за патишта и улици за 2022 година.

„Граѓаните од овој дел на  Радичево после долги години очекување ќе добијат асфалтирана улица. Практично, денес со асфалтирањето на оваа улица започнуваме со реализација на Програмата за улици и патишта за 2022 година. Во наредниот период ќе продолжиме со асфалтирање на другите улици од Програмата“, рече Андонов.

Од Радичево, градоначалникот сподели информации и за останатите тековни активности на кои  општината работи  во ова населено место, како и за оние кои во иднина со сигурност ќе се реализираат. „Паралелно во Радичево се работи и на уредување на училишниот двор односно поставување на бекатон плочки во дворот и замена на оградата.

Посебно сакам да споделам уште една убава вест која се однесува на ова населено место: преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион одобрен е проектот Асфалтирање на улицата  до црквата во с. Радичево, во должина од околу 200 метри и буцет од околу 2,5 милиони денари“, потенцираше градоначалникот Андонов, во денешната изјава за медиумите.

Василево

Започна асфалтирањето на локалниот пат Добрашинци – Нова Маала

Media Press

Published

на

Општина Василево денеска го започна асфалтирањето на локалниот пат Добрашинци Нова Маала  во должина  од  1016 метри и ширина од околу 5 метри.

Ова е последната,  завршна фаза,  од целосната реконструкција за која  средствата во висина од 10 732 328 денари, општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија.

Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој е задоволен од квалитетот и текот на динамиката со која се одвиваат активностите. „Со реализацијата на овој проект, жителите од двете населени места Добрашинци и Нова Маала, како и сите останати кои го користат, на долг временски период добиваат квалитетен пат, кој обезбедува безбедно и сигурно одвивање на сообраќајот, а општина Василево уште еден успешно реализиран проект кој придонесува за подобрување на локалната патна инфраструктура, изјави градоначалникот Андонов “.

Според планот на активности  на изведувачот, доколку временските услови се поволни, асфалтирањето треба да заврши во понеделник.

Прочитај повеќе

Василево

Се реконструира локалниот пат од Добрашинци до Нова Маала, Општина Василево

Media Press

Published

на

Општина Василево започна со реконструкција на локалниот пат од Добрашинци до Нова Маала. Работите на терен се при крај како што информира градоначалникот Славе Андонов и во наредниот период ќе следува асфалтирање на овој патен правец.

„Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник  се и остануваат мој приоритет.  Капитален проект од големо значење за овој дел од општина Василево. Општината мора да се стабилизира финансиски од наследените долгови,  но во ниту еден момент проектите нема да престанат. Вложувањата во патната инфраструктура се на агендата на општина Василево“, напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов, по извршениот увид во тековните активности на локалниот пат Добрашинци – Нова Маала.

Деновиве во завршна фаза се земјените работи, по што согласно предвидената динамика локалниот пат од центарот на с. Добрашинци до центарот на с. Нова Маала ќе биде асфалтиран.

Должината на локалниот пат што ќе се асфалтира е  1016 метри а  ширината околу 5 метри.

Вкупниот Буџет, согласно Договорот, изнесува 10 732 328 денари, средства кои општина Василево ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Василево

Во насленото место Чанаклија спроведени повеќе активности во делот на комуналната сфера

Media Press

Published

на

Изминатите денови, во населеното место Чанаклија, општина Василево спроведе повеќе активности во делот на комуналната сфера, како што се чистење на дивата депонија  и интервенции и активности на уредување и расчистување на локалната патнаинфраструктура

„Исчистена е дивата депонија во населеното место Чанаклија.  Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во Чанаклија“, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој и овој пат, како и многупати досега, повика на поодговорно однесување на сите граѓани. „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот Андонов.

Во рамки на повеќедневните активности во ова населено место, општината интервенираше и во делот на локалниот пат  на самиот влез од селото, каде заради надминување на постојната, крајно лоша  состојба на асфалтот, истиот во еден дел е отстранет, местото е проширено, насипано и тампонирано, со што е олеснето одвивањето на сообраќајот во овој дел од селото. „Оваа активност произлезе од средбите со граѓаните на Чанаклија. Во наредниот период ќе го ставиме во планот да се асфалтира во рамки на нашите можности “, порача градоначалникот Славе Андонов.

Активностите на терен ги спроведуваше ЈПКД „Турија“ од Василево.

Прочитај повеќе