Connect with us

Радовиш

Започна вакцинацијата против сезонски грип во ХЕС службата во Здравстениот Дом во Радовиш

Avatar

Published

на

Од денеска започна вакцинацијата против сезонски грип во Хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС) во Здравстениот Дом во Радовиш. 

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинират со пополнување на формата на vakcinacija.mk се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс тие се нформирани за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој го изберале при регистрацијата.

Освен со бесплатна вакцина имаше и такви  кои не влегуваат во споменатите  ризични групи, па тие се вакцинираат со плаќање по цена од 800 денари за вакцина, со цел да се заштитат.

Инаку вакцинацијата во ХЕС службата во Радовиш ќе се спроведува секој работен ден од 8:30 до 14 часот.

Како што најави Министерството за здравство, започнува со информативен караван за вакцинација, кој следните осум дена ќе патува во 24 локации низ целата земја, со поддршка од УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО.

Под слоганот „Заштитени заедно – вакцините делуваат“ караванот ќе пренесе информации до локалните заедници за сите редовни вакцини.

„Против сезонски грип, обезбедивме 40 илјади бесплатни вакцини, кои почнувајќи од денес може да се примаат во Центрите за јавно здравје, а во Скопје и на три пункта во поликлиниките (Идадија, Ѓорче Петров и Бит пазар)“, изјави министерот за здравство, д-р Беким Сали во рамки на настанот со кој се означи почетокот на караванот.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе