Радовиш
Од вчера вакцинација против сезонски грип и во Здравствен дом, Радовиш
Објавено на
Од
Media PressГраѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар, од вчера започна вакцинацијата против сезонски грип и во Здравствен дом, Радовиш.
Вакцинацијата се врши во новоприлагодената амбуланта за вакцинација против сезонски грип во старата зграда, каде претходно беше сместена амбулантата за преглед на уво, нос и грло.
„Граѓаните да не паничат и да имаат трпение. Има доволно количини бесплатни вакцини за хронично болните и за старите лица, а има и вакцини за кои може да се плати доколку не сте во соодветанта група за бесплатни вакцини. Потребно е само да се закаже термин преку својот матичен лекар“, вели директорката на Здравствен дом во Радовиш д-р Лимонка Илиевска, по реакцијата на граѓаните дека немало доволно вакцини и неможело да се закаже.
Според д-р Илиевска, вакцинацијата ќе се врши во наредните денови по неколку вакцинации дневно, се додека има потреба за тоа, а временските прилики совршено одговараат иако вакцинирањето започна со мало закаснување.
За граѓаните да можат да стигнат до амбулантата каде што се врши вакцинацијата, потребно е само да ги следат соодветните обележување кои јасно ги води до амбулантата која е изолирана од останатите оделенија, заради поголема заштита.
Од Здравствениот дом уште еднаш апелираат на трпение и комуникација со матичните лекари, кои ќе закажат термин.
На ниво на држава за оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона. Бесплатните вакцини се наменети за неколку категории на граѓани и тоа, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!


