Василево

Повик до граѓаните да се вклучат во креирање на Буџетот на општина Василево за 2023 година

Општина Василево ги поканува своите сограѓани да се вклучат во креирањето на Програмите и Буџет на општина Василево за 2023 година.

Заради поедноставување на процесот и поголема вклученост на граѓаните,  на својата веб страна, општината креираше посебна форма УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА, http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, преку која на најбрз, едноставен и лесен начин граѓаните ќе може да ги достават своите предлози и идеи до општината.

 Учеството на граѓаните во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, општина Василево, упатува отворена покана до сите свои граѓани, до 10.11.2022 година,   со сопствени предлози и идеи да се  вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината.

Предлозите и идеите може да се достават лично во просториите на општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината,или  преку специјално за таа намена креираната форма  на нашата веб страна,  УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago