Денес, општина Василевo со Бирото за регионален развој, потпиша Договор за партерно уредување на платото пред Домот на културата во населеното место Нова Маала.
Со овој договор општината од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој преку Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, успеа да ги обезбеди потребните средства за реализација на проекто со кој просторот ќе добие сосем нов лик и содржини за сите генерации од ова населено место.
Планирано е бетонирање и поплочување на платото, со организиран паркинг простор, поставување на урбана опрерма, односно клупи и корпи за отпадоци, фонтана за вода за пиење, летниковци и детски реквизити, како и хортикултурно уредување со што целосно ќе се промени не само визуелниот изглед на просторот туку ќе понуди и содржини кои ќе значат подигање на квалитетот на животот во ова населено место.
Со уредувањето на овој простор ќе се зголеми и функционалноста на Домот на културата со зголемување на можностите за организирање на настани како од затворен, така и од отворен тип, во еден функционален, плански осмислен и и урбано уреден простор.
Она што следува е објавување на тендер и избор на компанија која на терен ќе ги реализира планираните активности.