Connect with us

Uncategorized

Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса, се испраќаат првите пораки за платено паркирање

Media Press

Published

на

Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса. Веќе се испраќаат и првите пораки за платено паркирање за еден час. Како што вели раководителот на Паркинзи во ЈП Плаваја – Радовиш Станојче Миленков, за два дена се поднесени над 200 барања за обезбедување на месечен паркинг од страна на станари кои немаат услови за сопствено паркинг мести како и од вработени кои работат во опфатот на зоната на паркирање.

Барање за месечен паркинг че може да поднесуваат и граѓаните кои што живеат во странство, кога ќе си доаѓаат на одмор, а нивниот дом е во опфатот на зонското паркирање.

До крајот на овој месец ќе има одредена толеранција и разбирање кон граѓаните но од месец октомври зонското паркирање ќе функционира како што треба согласно законот.

Uncategorized

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Media Press

Published

на

Делегација од Турција денеска беше во посета на Општина Радовиш. Поводот беше потпишување на договор за збратимување помеѓу  ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш  и училиштето од Ташкопру, Општина Јалова од Турција.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов изврши прием на турската делегација при што беше потпишано збратимувањето на двете училишта со цел за идна соработка во областа на образованието. Градоначалникот Ристов рече дека се надева од оваа соработка со размена на искуства ќе се постигне заедничката цел за подобро образование.

Директорото на училиштето одТашкопру, Абдулах Далгич рече дека во Радовиш се чувствуваат како дома поради топлиот пречек и се радува што нивното долгогодишно пријателство сега е и официјално.

Доректорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова и посака добредојде на делегацијата од Турција со која како што рече веќе имаат долга соработка која од сега ќе биде и официјална со потпишување на збратимувањето. Таа додаде дека и во иднина треба да учат едни од други и да се надоградуват.

 На крајот Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и турската делегација си разменија пригодни подароци пренесувајќи топли поздрави од градоначалникот на турската општина Јалова.  

Прочитај повеќе

Uncategorized

Од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети во Југоистокот

Media Press

Published

на

Според Општинските изборни комисии во Југоисточниот дел на државата, од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети.

Неофицијално во Општина Радовиш ВМРО -ДПМНЕ освои 8 советнички мест во идниот Совет. СДСМ освои 6 советнички места, ЛДП и ДОМ 3 советнички места и независната советничка листа влезе зо 2 советника.

Во Општина Конче е идентична ситуацијата, односно политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции освоија по четири советнички мандати. Демократската Партија на Турците освои едно советничко место.

Во Општина Василево, најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции си поделија по седум советнички места додека последното и 15 -то место во советот го освоија Коалицијата ЛДП и ДОМ со Движење одлучно за промени.

По издвоената победа во прв круг за градоначалник во Општина Босилово, победничката партија ВМРО-ДПМНЕ зазема осум советнички места наспроти шест на СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.

Во општините со освоени ист број на советнички места од политичките партии во Југоистокот се приклучува и Општина Ново Село со по седум советнички места на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.

Во Општина Струмица владејачката партија освои 13 советнички места наспроти опозициската ВМРО-ДПМНЕ која освои девет и еден советни од „Стига е“ .

Прочитај повеќе

Uncategorized

Повреден пешак на булеварот во Радовиш, во него удрил автомобил

Media Press

Published

на

Синоќа околу 20.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувно од М.М.(33) од Радовиш, удрило во пешакот Ц.Г.(53) од село Ораовица, радовишко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе