Connect with us

Радовиш

Отворен нов клуб по Маи Таи и кик бокс АДРЕНАЛИН во Радовиш

Media Press

Објавено на

Отворен нов клуб по Маи Таи и кик бокс АДРЕНАЛИН во Радовиш, место каде младите ќе можат да спортуваат и да се градат во здрави личности. Синоќа беше свеченото отварање, во кругот на најблиските пријатели, роднини и членови на клубот. Двајцата основачи Влатко Петров и Мирко Василев кои ќе бидат и тренери во клубот, ги покануваат сите млади заинтересирани за овој спорт да ги посетат, да спортуваат и да се дружат, а се надеваат дека од овој клуб ќе излезат и нови шампиони.

 Muay Thai  е тајландска боречка вештина за која карактеристични се ударите со нога. Синоќа беше одржан и првиот тренинг на кој беа упатени и неколку препораки од страна на тренерот. Да не се злоупотребува спортот надвор од клубот, да не се предизвикуват немири и нарушувања на јавниот ред и мир, освен ако се работи за самоодбрана.

Клубот по Маи Таи и кик бокс Адреналин, се наоѓа во Спортската сала 25 Мај во Радовиш, во целосно подготвена и опремена просторија за овој спорт со сите пропратни простории и опремена.   

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе