Радовиш

Со пригодна програма за добредојде на првачињата започна првиот училишен ден во ООУ Никола Карев во Радовиш

 Среќен почеток на образовниот процес и добредојде на првачињата им посакаа учениците од погорните оделенија во ООУ Никола Карев во Радовиш, со подготвена програма посебно за првиот училишен ден.

Околу 85- те првачиња кои своето образование го започнуваат во ова училиште, ги поздрави доректорот Кире Јанковски.

Во двете општински училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“ во име на Градоначалникот на општина Радовиш, на сите ученици од основното образование, среќен и успешен почеток им посака Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец. Од името на Општина Радовиш, тој ги поздрави првачињата и родителите и притоа спомна дека во понеделник на секое прваче ќе му биде подарено ранец со комплет училишен прибор, подарок од градоначалникот Ацо Ристов и фирмата Адора Инженеринг на  Проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Претставници од локалната самоуправа имаше и во општинските основни училишта „Орце Николов“ во Ињево, „Коста Рацин“ во Подареш и „Кирил и Методиј“ во Ораовица, каде исто така на учениците и на наставниците им беше честитан почетокот на новата учебна година. Највозбудени и најсреќни беа секако првачињата кои за прв пат пристигнаа во училишниот двор и со нетрпение чекаа да влезат во училница, со што започнува нова ера во нивниот живот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago