Македонија

МОН: Септемвриската плата за 32.500 вработени во образованието повисока за 15%

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, информираат од МОН.   

„Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност. 

Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања“, соопштуваат од МОН. 

Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago