Македонија

За поставување на фотонапонски електро-централи ќе бидат потребни само три документи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција ја информираше јавноста дека на вчерашната Владина седница се поминати измените и дополнувањата на Законот за градење во врска со поедноставување на процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи, кои ќе бидат доставени во собраниска процедура.

„Ги поедноставуваме процедурите, граѓаните ќе можат брзо и полесно да постават фотонапонски електро-централи на објекти. Денеска на владина седница ги поминавме измените и дополнувањата на Законот за градење кои се однесуваат токму на овие процедури и истите сега ќе бидат доставени до Собранието. Клучно е дека повеќе на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи кои се поставуваат на објекти, односно истите ќе треба да достават само известување до општината со основен проект и имотен лист за објектот на кој треба да бидат поставени. На овој начин домаќинствата и заедници на станари ќе можат да постават фотонапонски електроцентрали со јачина до 6 киловати, а правни лица до 40 киловати.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

За поставување на фотонапонски електро-централи ќе бидат потребни следните документи:

  1. Извод од Централен регистар доколку инвеститорот е правно лице или копија од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице
  2. Имотен лист за објектот на кој се поставуваат фотонапонските електро-централи
  3. Основен проект за поставување фотонапонска електро-централа

Основниот проект треба да содржи општ и проектен дел кој се состои од архитектонски проект и проект за електрична инсталација и опрема.
Градбите ги поставува изведувач со лиценца, кој врз основа на изјава под кривична и материјална одговорност гарантира дека истите се поставени согласно законските процедури.
Инвеститорот е должен примерок од изјава на Изведувачот да достави до единица на локалната самоуправа и до Агенција за енергетика.
Контрола врз градбата ќе вршат општински градежни инспектори.

Министерот Бочварски ги повика сите пратеници проактивно да се вклучат во процесот на носење на измените на Законот за градење и час поскоро да им се помогне на граѓаните и на целата држава во надминување на енергетската криза.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago