Радовиш
Со пригодна програма за добредојде на првачињата започна првиот училишен ден во ООУ Никола Карев во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressСреќен почеток на образовниот процес и добредојде на првачињата им посакаа учениците од погорните оделенија во ООУ Никола Карев во Радовиш, со подготвена програма посебно за првиот училишен ден.

Околу 85- те првачиња кои своето образование го започнуваат во ова училиште, ги поздрави доректорот Кире Јанковски.

Во двете општински училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“ во име на Градоначалникот на општина Радовиш, на сите ученици од основното образование, среќен и успешен почеток им посака Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец. Од името на Општина Радовиш, тој ги поздрави првачињата и родителите и притоа спомна дека во понеделник на секое прваче ќе му биде подарено ранец со комплет училишен прибор, подарок од градоначалникот Ацо Ристов и фирмата Адора Инженеринг на Проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Претставници од локалната самоуправа имаше и во општинските основни училишта „Орце Николов“ во Ињево, „Коста Рацин“ во Подареш и „Кирил и Методиј“ во Ораовица, каде исто така на учениците и на наставниците им беше честитан почетокот на новата учебна година. Највозбудени и најсреќни беа секако првачињата кои за прв пат пристигнаа во училишниот двор и со нетрпение чекаа да влезат во училница, со што започнува нова ера во нивниот живот.


Поврзани содржини

ООУ „Никола Карев“ – Радовиш реализира хуманитарна акција за донација на храна за најранливите категории граѓани

🚦Безбедно во сообраќајот од најрана возраст! Едукативно предавање во ОУ Никола Карев, Радовиш

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

По повод Неделата на детето првачињата од ОУ „Никола Карев“ од Радовиш на свечен начин беа примени во Детската организација

Околу 250 првачиња во Општина Радовиш, денеска ја започнаа новата учебна година

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

