Радовиш
Со програма за пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ Крсте Петков Мисирков, Радовиш
Published
1 година agoна
By
Media PressСо пригодна програма за топол пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

Првачињата ја следеа програмата и со растреперени срца очекуваа да седнат за прв пат на училишното столче. Срдечно добредојде им посака директорката на училиштетото Лујза Спасова. Таа рече дека по неколку години од училиштето ќе излезат како оформени личности, богати со знаење.

Првачињата и сите останати ученици и родители ги поздрави и претставникот од општината, секретарот Лупче Почивалец. Тој ги поздрави од името на градоначалникот Ацо Ристов и им посака успешен почеток на новата учебна година.

Првиот училишен ден го започнаа 155 првачиња во ООУ Крсте Петков Мисирков, кое новата учебна година ја започнува целосно подготвено со нова опрема, нови смарт табли и други училишни помагала.
Поврзани содржини
ООУ „Крсте Петков Мисирков“организира хуманитарен настан: Играме одбојка за инклузивна градина
Општина Радовиш им додели подарок – училишна опрема на сите првачиња, за среќен почеток на учебната година
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Oдбележан 21 март -Денот на пролетта и Светскиот ден на поезијата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Кои се придобивките од здравиот начин на исхрана, предавање во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш, беше домаќин на Општински натпревар по математика
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
