Радовиш
Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната радовишка манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА
Published
1 година agoна
By
Media Press
Општина Радовиш објави Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА.

I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата од 03.12.2021 год., каде е предвидено оддржување на манифестацијата САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2022, Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој Јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2022 во Радовиш, стои во објавата од Општина Радовиш од каде додаваат.
- Предлог-програмите треба да бидат комплетни со сите податоци (период и локација на оддржување, предлог музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителите, маркетинг-план, комплетна финансиска конструкција и сл.)
III. Заинтересираните правни лица (установи, непрофитни организации, здруженија на граѓани) предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака за Јавен повик за предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да ги достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 5 работни дена заклучно со 05.09.2022 година.
Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани, соопштуваат од Општина Радовиш.
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
