Радовиш
Се решава проблемот со поплавите на една од најпроблематичните улици во Ораовица, Општина Радовиш
Published
1 година agoна
By
Media PressВо тек се градежни активности за поставување на атмосверска канализација на една од најпроблематичните улици во Ораовица, Општина Радовиш, каде при секои обилни врнежи на дожд се случувало излевање на атмосверските води и поплавување на околните куќи. За реализација на оваа активност општината издвоила околу 3.000 000 денари .
Градоначалникот Ристов кој изврши увид во работните активности рече дека ова било долгогодишен проблем на жителите кои што живеат на оваа улица и сега конечно се наоѓа решение. Тој најави решавање на проблемите во сите месни заедници во општина Радовиш, во селата Ораовица, Подареш, Јаргулица, Калугерица, Воиславци, Сулдурци, Дамјан, Ињево како и во турските населни места.

Поврзани содржини
Се подобрува училишната инфраструктура во Општина Радовиш
Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река
МЗ Изведен: Да се реши прблемот со водоснабдување во Ораовица, ЈП Плаваја: Потрошувачката на вода е зголемена за 3-пати во селото
Денеска се празнува свети Атанасиј Велики- летен, празник на црковниот храм во Ораовица
Негување на традицијата и обичаите за Лазара или Цветници, проектна активност на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица
Поставен камен темелник на камбанаријата во дворот на црковниот храм Св.Атанасиј во Ораовица
Радовиш
Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Published
4 дена agoна
ноември 28, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ денеска се одржа во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“. На Јавната дебата присуствуваа голем број гости и учесници покрај од Општина Радовиш и од основните училишта „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и „Орце Николов“ од Ињево, како и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Радмила Стојковска Алексова – Претставник од Здружението „Отворете ги прозорците“ истакна дека оваа јавна дебата е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Околу потреби, иницијативи и планирани чекори за поддршка на инклузијата во општина Радовиш зборуваше Весна Конзулова како претставник од општината.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

За улогата на локалната и бизнис заедницата во поддршка на инклузијата како позитивна практика од организирање фандрејзинг настан зборуваше Гордана Здравковска директорка на ООУ: Крсте Петков Мисирков, Радовиш.

Радовиш
Активно се работи на изградба на новиот Градски пазар во Радовиш
Published
1 недела agoна
ноември 24, 2023By
Media Press
Две недели по ставањето на камен темелник на новиот Градски пазар во Радовиш, активно се работи и пазарот наликува на вистинско градилиште.
Градоначалникот Ацо Ристов денеска изврши увид во работните активности но и притисок врз изведувачите да се заврши во предвидениот рок.

„Еве како што гледате, по две недели од поставувањето на камен темелник, течат работните активности за изградба на Градскиот пазар. Иако имаше и скептици дека ќе се изгради новиот пазар, јас се надевам дека се ќе биде завршено во предвидениот рок“, рече градоначалникот Ристов .

Градоначалникот апелира до граѓаните за стрпливост и разбирање што работните активности се одвиваат во овој период од годината и што мораше да се направи времена дислокација на пазарот.
Градскиот пазар е еден од капиталните проекти кои ги предложи градоначалникот Ристов во својата програма.

Радовиш
1-ва награда на струмичкиот карневал за Газели од Радовиш со „Волшебникот од ОЗ“ за групна маска над 50 и повеќе лица
Published
9 месеци agoна
февруари 27, 2023By
Media Press
Според Организациониот одбор кој денеска ги соопшти наградените маски на струмичкиот карневал по категориии Газели, Радовиш освојува 1-ва награда, маска со реден број 37, “ Волшебникот од ОЗ“ за групна маска над 50 и повеќе лица.
Односно за категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица
1-ва награда, маска со реден број 37, “ Волшебникот од ОЗ“ Газели, Радовиш , во висина од 1.000 евра во денарска противвредност; (69 бода);
2-ра награда, маска со реден број 27 „Тик-Так “, СОУ “Јане Сандански“ Струмица, во висина од 900 евра во денарска противвредност; (61 бода);
3-та награда, маска со реден број 1 „Струмички глуварчиња“, СОУУД “Димитар Влахов“ –Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност; (54 бода);
3-та награда, маска со реден број 18 „ Ритамот на младоста“, СОУ „Никола Карев„ Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност; (54 бода);


МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
