Connect with us

Радовиш

Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица

Avatar

Published

на

Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица.  По кратка пауза поради летните одмори градежната механизација во Општина Радовиш повторно е активирана. Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денес изврши увид на градежните актиности на улицата Видое Смилевски Бато која со средства од околу  7 милиони денари ќе добие урбан лик како што му доликува на едно урбано место за живеење.

Граѓаните кои што живеат на оваа улица во изминаитите години се соочуваа со големи проблеми посебно во зимниот период. При секое врнење на дожд и снег, пристапот до домовите беше отежнет поради калта на улицата. Општина Радовиш прави напори како што вели градоначалникот Ристов, да има асфалт до секоја куќа во градот, но за тоа бара поддршка и соработка и од страна на граѓаните.

„Очекуваме максимална поддршка од граѓаните со цел сите заеднички да ја направиме општина Радовиш модерна урбана општина“, изјави Градоначалникот.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе