Струмица
Започнува неделата на музички концерти во рамките на програмата Струмица Опен Фестивал 2022
Published
1 година agoна
By
Media Press
Со концертот на летната школа за гитара кој ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот покрај езерцето во паркот, започнува неделата на музички концерти во рамките на програмата Струмица Опен Фестивал 2022.
Тимот на СОФ најавува дека концертот ќе биде во соработка со НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево кои ќе придонесат за уште помагична вечер за комплетно уживање во големите хитови на нашиот Тоше Проески.
„На 16.08 (вторник) на програмата се најдобрите македонски хитови од „Макфест“ и Битолскиот камерен оркестар, а в среда, вечерта ја започнуваат незаменливите YU FOR YOU, а забавата ќе продолжи со Игор Џамбазов и Гуру Харе. Во четврток ќе се одржи целовечерен концерт „Ај да беше стрела песната” во чест на музичката легенда Гоце Арнаудов. Во пресрет на неговиот роденден – 18ти август, 15 негови колеги, пеачи и инструменталисти, ќе му оддадат почит и ќе настапат со по неколку негови песни.На 19.08 (петок) неделата на музички концерти ќе биде заокружена со веќе докажаните македонски вокали Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозаноски“, е предвидено во програмата за Струмица Опен Фествиал 2022 .
Струмица
Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица
Published
6 часа agoна
декември 11, 2023By
Media Press
На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица, Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од домот се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Регион
Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица
Published
3 недели agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.
Струмица
Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица
Published
3 недели agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.

Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
