Радовиш
Доделени дипломи на матурантите и прогласен ученик на генерацијата во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressДоделени дипломите на генерацијата матуранти 2018-2022 година, во СОУ Коста Сусинов во Радовиш. На свеченоста по повод завршувањето на школувањето на уште една генерација на ученици од ова училиште, беше прогласен и ученик на генерацијата.

Од името на вработените и учениците во радовишката гимназија, пред присутните ученици, родители и наставници се обрати директорот Миле Арсов.
„Ова е само едно скалило во животот, ви порачувам не застанувајте, продолжете по патеките на знаењето, бидејќи на нашето општество му недостасуваат млади и образовани личности како што сте вие, вие сте столбот на иднината“ им порача директорот Миле Арсов посакувајќи им успех и понатаму на сите ученици.
За ученик на генерацијата беше прогласена Марија Прастова од класот на професорката Катерина Сусинова. Марија рече дека ова признание им го посветува на сите ученици од генерацијата, бидејќи тие биле генерација кои поминале секакви мерки и рестрикции во текот на образованието, но сепак успеале да се изборат со предизвиците.
На крајот од обраќањата, класните раководители им ги доделија дипломите на матурантите за завршеното средно образование.

Поврзани содржини

Доделени дипломите на матурантите кои што завршија во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, Михаела Тадирова прогласена за првенец на генерацијата

Доделени дипломите на околу 140 матуранти во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, прогласен и ученик на генерацијата

Доделени дипломи и признанија на учениците од СОУ Коста Сусинов – Радовиш за нивните достигнувања во претходната учебна година
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

