Connect with us

Радовиш

Доделени дипломи на матурантите и прогласен ученик на генерацијата во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Доделени дипломите на генерацијата матуранти 2018-2022 година, во СОУ Коста Сусинов во Радовиш. На свеченоста по повод завршувањето на школувањето на уште една генерација на ученици од ова училиште, беше прогласен и ученик на генерацијата.

Од името на вработените и учениците во радовишката гимназија, пред присутните ученици, родители и наставници  се обрати директорот Миле Арсов.

„Ова е само едно скалило во животот, ви порачувам не застанувајте, продолжете по патеките на знаењето, бидејќи на нашето општество му недостасуваат млади и образовани личности како што сте вие, вие сте столбот на иднината“ им порача директорот Миле Арсов посакувајќи им успех и понатаму на сите ученици.

За ученик на генерацијата беше прогласена Марија Прастова од класот на професорката Катерина Сусинова. Марија рече дека ова признание им го посветува на сите ученици од генерацијата, бидејќи тие биле генерација кои поминале секакви мерки и рестрикции во текот на образованието, но сепак успеале да се изборат со предизвиците.

На крајот од обраќањата,  класните раководители им ги доделија дипломите на матурантите за завршеното средно образование.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе