Connect with us

Радовиш

Повторно висок број на нови случаи на Ковид- 19 во Радовиш и во Струмица

Avatar

Published

на

Во последните 24 часа направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Од нив најголем број во Скопје – 255.

Во општините во Југоистокот во Струмица 27, Гевгелија и Радовиш по 20, Валандово  4 и Богданци 2 нови случаи.

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.Регистрирани сe 827 оздравени пациенти од: Во југоистокот во Струмица – 56 Гевгелија – 21, Радовиш – 14, Валандово – 5 и Богданци – 4.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе