Македонија
Дали задолжителното носење маски во училиштата ќе премине во право на избор на родителите
Објавено на
Од
Media Press
Комисијата за заразни болести ќе расправа за епидемиолошката состојба во земјава и дали задолжителното носење маски во училиштата ќе премине во право на избор на родителите, откако скринингот покажа дека нема широка распространетост на вирусот во образовните установи. Од над 2.000 тестирани помалку од 1 процент ученици биле позитивни.
Според информациите од ИЈЗ се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од ковид-19. Минатата недела се регистрирани 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.781 тестови. Од нив во југоистокот најголем број во Гевгелија 16, во Радовиш 3 и во Струмица и Богданци по 2 нови случаи. Од вкупниот број на позитивни во државата 68 се реинфекции. Починале 9 лица, дополнително се пријавени уште 8 починати во период од 16 до 27 февруари. Оздравеле 524 пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 3.431, а досега починале 9 027.
Поврзани содржини

Учениците дел од проектот СПОРТ ЗА СИТЕ од двете партнерски училишта, од Радовиш и од Руски Крстур, Србија беа во посета на Општина Радовиш

Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во посета на општина Василево

Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш по втор пат се спроведува Access програмата, двегодишна програма за учење на англиски јазик

Градоначалникот на Општина Ново Село изврши прием на наставници и ученици

Дисеминациска сесија во подрачното училиште на ООУ ,,Коста Рацин”во с.Јаргулица

Дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш на час по физичко и здравствено образование во спортската сала во ОУ Никола Карев

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

