Радовиш
,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
Објавено на
Од
Media Press
ЖФГ „Радовишанки етно“ беа дел од 52 издание на Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во Битола, кој годинава започна на 18 јули и се одржуваше до 30 јули, под мотото „Од корените до цветот”.
ПРВО МЕСТО за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра беше доделена на ЖФГ „Радовишанки етно” од Радовиш, што беше највисока награда на Меѓународниот фолклорен фестивал ,, ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-БИТОЛА 2022, од страна на стручното жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски
52-то издание на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ заврши со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.
Награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

52 -то издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата траеше 12 фестивалски ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година.
Вкупно беа одржани 61 настан кои понудија неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …
Вкупно имаше 1.300 учесници и гости од 7 земји учеснички. Беа поставени 3 паралелни сцени и целиот град беше претворен во отворена сцена за настап.
Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал.
Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот• потврдуваат од Центарот за култура, Битола.

Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



