Connect with us

Радовиш

Од октомври ќе започне изградбата на новиот „Градски Пазар“ во Радовиш, советниците ја поддржаа предлог- одлуката за негово финансирање

Avatar

Published

на

Едногласно од страна на сите присутни советници беше усвоена Предлог Одлуката за финансирање проектот „Градски Пазар“ во Радовиш, а кој беше презентиран од страна на Градоначалникот Ацо Ристов.

На денешната 14 -та седница на Советот на Општина Радовиш на дневен ред беа 41 точки, меѓу кои голем број на Предлог Решенија, Предлог Програми за кои Советниците дебатираа и ги разгледуваа, а беа поставени и неколку советнички прашања кои ги засегаат граѓаните.

Советници на денешната седница едногласно ја поддржа предлог одлуката за домашно долгорочно задолжување на Општина Радовиш за финансирање на проект „Градски Пазар“, капитален проект кој градоначалникот Ацо Ристов го ветуваше во предизборната програма и кој ќе започне да се реализира од месец октомври. Најпрво градоначалникот Ристов изврши презентација на проектот Градски пазар која е прва капитална инвестиција на барање на граѓаните како приоритетна. Проектот ќе содржи три содржини, зелен простор, деловен простор и паркинг простор. Со него ќе стопанисува Општина Радовиш.

 За оваа инвестиција вредна околу 1 милион евра општината ќе мора да се задолжи по пат на кредит, но како што рече градоначалникот Ристов во неговата презентација, со продажбата на деловните простории кредитот ќе биде вратен многу брзо.

Конечно Радовиш ќе добие современ градски пазар како што доликува на едно урбано место, а со тоа ќе бидат обезбедени и дополнителни 104 паркинг места.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе