Connect with us

Радовиш

Граѓаните со поделени мислења околу новото сообраќајно уредување на градското шеталиште во Радовиш, од општината смируваат

Avatar

Published

на

Голем број реакции од граѓаните по објавената онлајн анкета на РТВ Кобра во однос на функционалноста на улицата Свети Спасо Радовишки или градското шеталите во Радовиш, по извршената реконструкција и новото сообраќајно уредување. Граѓаните кометираа одговарајќи на прашањето: Како го оценувате новиот сообраќаен проект на Општина Радовиш поврзан со воведување на зонско паркирање како и новиот сообраќаен режим?

Во текот на 24- часовното анкетирање, поголемиот број од граѓаните имаа замерки на зголемената фреквенција на возила како и паркирани возила на улицата со што сметаат дека градското шеталиште ја изгубило својата смисла. Граѓаните најчесто се жалеа на вечерниот сообраќај, кометирајќи дека навечер сообраќајот треба да се забрани. Токму затоа побаравме одговор од Општина Радовиш, дали е предвидено забрана за сообраќај во вечерните часови кога граѓаните излегуваат да се прошетаат.

Градоначалникот Ацо Ристов во интервју за РТВ Кобра рече дека новото сообраќајно уредување предвидува забран за сообраќај од 19 часот до 03 часот по полноќ и дека се чекало само на поставување на сообраќајните знаци. Тој ги замолува граѓаните кои што живеат на градското шеталишта за уште малку разбирање, бидејќи како што вели со воведувањето на зонското платено паркирање улицата ќе се растерети и ќе се паркира правилно и одговорно.

 Целта на реконструкцијата на улицата и отварањето за сообраќај како што вели градоначалникот Ристов, е истата да заживее, да се врши дотур на стока до деловните простории а да се отвори паркинг простор за граѓаните кои што живеат и работат на улица Свети Спасо Радовишки, кое ќе се постигне со стартувањето на платеното зонско паркирање

 Во однос на еднонасочните улици во градот за кои некои од граѓаните имаат забелешка дека е нефункционално, градоначалникот Ристов вели дека се е според сообраќајните правила и дека мора да се воведе ред во градот.

Радовиш

Општина Радовиш и годинава додели стипиндии на одлични и талентирани ученици

Avatar

Published

на

На 35 ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2023 / 2024 година.  На избраните стипендисти кои се пред се одлични  и талентирани ученици кои учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова  им претставува   поголем стимул за  подобри успеси и достигнувања во иднина. 

Договорите во име на општината ги додели градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ова е значајно како за самите ученици така и за општината потенцирајќи колку образованието е важен фактор за едно успешно општество. Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот. Тој апелира и до компаниите да дадат поддршка и да вложуваат во потенцијални идни кадри кои би можеле во иднина да ги вработат.

Општина Радовиш додели 16 (шеснаесет) стипендии, на ученици од VI до IX одделение од основното образование, во висина од 2.500 денари месечно, за 9 (девет) месеци во текот на учебната година,

11 стипендии се доделени на талентирани ученици од I до IV година од средното образование, во висина од 3.000 денари месечно. И 8 стипендии додели Општина Радовиш – по основ на пониски примања во семејството, на ученици од основно и средно образование, а висината на стипендијата е 2500 денари за основно и 3000 денари за средно образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе