Македонија
ОМД: Членство во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада
Објавено на
Од
Media Press
Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) е загрижена дека денешниот чекор на Република Македонија кон членство во Европската Унија е погубен и води кон катастрофални отстапки без никакви гаранции за успех.
Имено, македонската влада мора да направи уставни промени за почеток на преговори кои може да траат бесконечно. И кога можеби еден ден Република Македонија ќе ги исполни сите критериуми за членство во Европската Унија, со оваа аматерска дипломатија и се овозможува на Бугарија да ја уценува Македонија и да налага низа промени во историјата, државноста и идентитетот. Бесплатен совет до оваа власт, кога се преговара, обврзувачките акти треба да стапат во сила на крајот од процесот а не на почетокот. “Каков е тој реципроцитет, европски вредности и договор за пријателство кога Република Бугарија може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија, да налага уставни промени и да диктира малцински права, а Република Македонија мора да молчи и да ги игнорира правата на македонското малцинство во Бугарија кои се де факто и де јуре прекршени?” Изјави еден од основачите на ОМД, Александар Митрески.
Особено загрижувачки е тенденциозното занемарување на транспарентност што владата го примени во фарсата наречена јавна дебата во парламентот. Намерно се криеше фамозниот протокол кој ја претвора Република Македонија потчинета во овој процес каде ќе има ревизии на нашата историја и учебници. Владата го лаже македонскиот народ за тежината на овој протокол каде мораат да се покажат напредоци во промена на нашата историја доколку Македонија сака да биде членка во Европската Унија.
Од правна точка, најважно во целиот овој процес е дека владата на Република Македонија или некој друг субјект нема ингеренции од македонскиот парламент да води било какви преговори со Бугарија бидејќи овој протокол не беше дискутиран во парламентот ниту пак беше вклучен во заклучоците за кои македонскиот парламент гласаше. Што значи дека протоколот нема никаква правна основа.
Денеска нема простор за славење бидејќи македонската влада и СДСМ за да остане на власт, беше приморана да прифати погубни барања од Бугарија, наложени од албанските партии во Македонија со цел да се овозможи стартот на ЕУ преговорите на Албанија. На Бујар Османи не му смета да ја распродава македонската историја и идентитет доколку албанските интереси се задоволени. Со ваков пристап не се гради соживот, туку напротив поголем меѓуетнички раздор.
Целта да се влезе во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада. Историјата се повторува и ќе остане запаметено дека повторно СДСМ ја предаде Македонија и македонската кауза по редот други круцијални предавнички постапки (промена на име, знаме, итн). Еден ден ќе нема што да остане да се распродава од Македонија, а таа е се што имавме.
Поврзани содржини

Маскирани членови на „Златна зора“ упаднале на изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во Солун

УКРАИНА, НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ: Европа повеќе нема да дава лажни ветувања!

ОМД побара извинување од Ескобар за употребата на “северномакедонците”

Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик. ВМРО -ДПМНЕ: Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ

Обединета македонска дијаспора: Чист Македонски Јазик? Чиста Лага

Продолжува блокадата од Бугарија, иако Европската комисија уште пред две години препорача безусловно отворање на преговорите

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

