Connect with us

Македонија

ОМД: Членство во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада

Media Press

Published

на

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) е загрижена дека денешниот чекор на Република Македонија кон членство во Европската Унија е погубен и води кон катастрофални отстапки без никакви гаранции за успех.

Имено, македонската влада мора да направи уставни промени за почеток на преговори кои може да траат бесконечно. И кога можеби еден ден Република Македонија ќе ги исполни сите критериуми за членство во Европската Унија, со оваа аматерска дипломатија и се овозможува на Бугарија да ја уценува Македонија и да налага низа промени во историјата, државноста и идентитетот. Бесплатен совет до оваа власт, кога се преговара, обврзувачките акти треба да стапат во сила на крајот од процесот а не на почетокот. “Каков е тој реципроцитет, европски вредности и договор за пријателство кога Република Бугарија може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија, да налага уставни промени и да диктира малцински права, а Република Македонија мора да молчи и да ги игнорира правата на македонското малцинство во Бугарија кои се де факто и де јуре прекршени?” Изјави еден од основачите на ОМД, Александар Митрески. 

Особено загрижувачки е тенденциозното занемарување на транспарентност што владата го примени во фарсата наречена јавна дебата во парламентот. Намерно се криеше фамозниот протокол кој ја претвора Република Македонија потчинета во овој процес каде ќе има ревизии на нашата историја и учебници. Владата го лаже македонскиот народ за тежината на овој протокол каде мораат да се покажат напредоци во промена на нашата историја доколку Македонија сака да биде членка во Европската Унија.  

Од правна точка, најважно во целиот овој процес е дека владата на Република Македонија или некој друг субјект нема ингеренции од македонскиот парламент да води било какви преговори со Бугарија бидејќи овој протокол не беше дискутиран во парламентот ниту пак беше вклучен во заклучоците за кои македонскиот парламент гласаше. Што значи дека протоколот нема никаква правна основа. 

Денеска нема простор за славење бидејќи македонската влада и СДСМ за да остане на власт, беше приморана да прифати погубни барања од Бугарија, наложени од албанските партии во Македонија со цел да се овозможи стартот на ЕУ преговорите на Албанија. На Бујар Османи не му смета да ја распродава македонската историја и идентитет доколку албанските интереси се задоволени. Со ваков пристап не се гради соживот, туку напротив поголем меѓуетнички раздор.

Целта да се влезе во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада. Историјата се повторува и ќе остане запаметено дека повторно СДСМ ја предаде Македонија и македонската кауза по редот други круцијални предавнички постапки (промена на име, знаме, итн). Еден ден ќе нема што да остане да се распродава од Македонија, а таа е се што имавме.

Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе