Connect with us

Богданци

Вработените во Општина Богданци добиваат зголемени плати за 2806 денари

Media Press

Published

на

Денеска во просториите на Општина Богданци, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Богданци Силвана Узунова и градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов, потпишaа Анексот на Колективниот договор за вработените Општина Богданци, со кој вработените во општината ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Со овој Анекс на Колективниот договор вработените во Општина Богданци, со платата за месец јули, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски искажа задоволство на конструктивниот дијалог кој го имавме со Градоначалникот Шапов, кој во овие тешки моменти изјнајде начин да ги усогласи платите на вработените, со што дополнително ќе ги мотивира уште по енергично и ефикасно да ги извршуваат своите работни задачи.


Богданци

Приведено лице од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“

Media Press

Published

на

Како што информира СВР Струмица вчера било приведено лице од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Имено вчера во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Богданци

Приведно лице од Богданци, ограбил казино

Media Press

Published

на

Приведен разбојник од Богданци, при претрес пронајдени одземените пари кои ќе бидат вратени на сопственикот. Утрово полициски службеници од полициска канцеларија во Богданци го лишиле од слобода А.Г.(49) кој е осомничен дека во 00.35 часот во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од касата, соопшти МВР.

„При извршен претрес во неговиот дом врз основа на наредба од Основен суд Гевгелија биле пронајдени пари од извршеното дело во вкупен износ од 65.000 денари и други предмети поврзани со кривичното дело. Лицето е приведено и задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” по член 238 став 1 од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, се вели во соопштението објавено од МВР.

Прочитај повеќе

Богданци

Левица: Луксузирањето на грбот на народот мора да престане!

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица со Реакција до јавноста за недомаќински потрошени општински пари од Буџетот на Општина Богданци, за угостителски услуги.

„Градоначалникот Шапов и општинската администрација само за календарска година 2020 ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И НАБАВКА НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ за потребите на општината потрошиле ни повеќе ни помалку туку вкупно 335 000 ДЕНАРИ, или 5500 евра НАРОДНИ ПАРИ, додека ЈП Комунална чистота Богданци, 100 000 ДЕНАРИ, или 1700 евра!“ стои во Реакцијата до јавноста од ЛО Левица, Богданци.

„Вака се трошат народните пари од страна на градоначалникот Шапов, директорот на комуналното претпријатие Прочков и општинската администрација за ручеци, вечери , по рестораните и кафеаните низ Македонија .

Овие парични средства можеа да се искористат за да се помогне на одредени групи ранливи категории, да се санираат одредени проблеми низ општината но, нивниот избор беше дека треба да се потрошат на луксузирање и јадење на државна сметка.

Ова луксузирање на грбот на народот мора да престане. Ние како ЛО Левица Богданци сметаме дека вакви трошоци треба да бидат скратени до минимално ниво односно, да има јавен отчет за секое трошење за репрезентација на општината, за народот да знае дека овие средства не се злоупотребуваат туку се наменски потрошени за официјални средби и пречек на видни лица и гости од државата, бизнис секторот, образованието – кои индиректно или директно ќе придонесуваат за напредок на општината.

Овие ручеци од 300 до 500 евра се срам за градоначалникот и директорот на ЈП Комунална чистота. Избори се ближат и време е тие да си заминат!“ се вели во Реакцијата од ЛО Левица Богданци.

Целата објава, на следниот линк

Прочитај повеќе