Богданци
Oтворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци, социјалните права поблиску до граѓаните
Објавено на
Од
Media PressМинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.

Министерката Тренчевска во оваа прилика се осврна на заложбите на Владата за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани.
„Отворањето на подрачната канцеларијата за социјални работи во Општина Богданци која ќе функционира при Центарот за социјални работи, Гевгелија е потврда дека за нас сите граѓани се еднакви. Од денеска, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење,“ рече Тренчевска.

Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селимлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.
Министерката Тренчевска изрази благодарност до Општина Богданци и градоначалникот Шапов за отстапувањето на просторот за канцеларија за социјални работи. Ова е потврда за слухот на локалната заедница за потребите на своите жители.
Министерката Тренчевска истакна дека, грижата за сите граѓани беше поставена од почеток високо на агендата на оваа Влада и така продолжува.
„Социјалната реформа беше креирана во тој дух, да обезбеди достоинствен живот за оние граѓани кои поради разни причини не се можност да обезбедат самостојно доволно средства за живот и оние на кои поддршката им е неопходна, порача Тренчевска.
Поврзани содржини

Лишено од слобода лице од Богданци поради сторено кривично дело Убиство

Претрес во Богданци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Од денеска Радовиш останува без канцеларија на Централен регистар

Левица отвори своја канцеларија во Радовиш

Општина Василево заинтересирана за отварање Општинска канцеларија за соработка со дијаспората

Вработените во Општина Богданци добиваат зголемени плати за 2806 денари
Богданци
Опожарено возило во близина на Богданци две лица починати, едното внатре, другото надвор од возилото
Published
2 недели agoна
ноември 4, 2026By
Media Press
Две безживотни тела се пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село кај Богданци. Едното е на 21-годишно момче од Богданци, пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто тело било откриено во внатрешноста на целосно изгореното возило. данци.
Случајот бил пријавен во полиција на 03.11.2026 во 18:40 часот од Т.К. од Богданци.
Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци.
Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.
Богданци
Лишено од слобода лице од Богданци поради сторено кривично дело Убиство
Published
10 месеци agoна
јануари 13, 2026By
Media Press
Во текот на вчерашниот ден било лишено од слобода едно лице од Богданци поради сторено кривично дело убиство. Како што информира СВР Струмица во физичка пресметка помеѓу син и мајка, синот со остар предмет и нанел убодни рани на својата мајка, по што таа починала.
„На 12.01.2026 во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото“, стои во информацијата од СВР Струмица.
Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Богданци
Претрес во Богданци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
Published
1 година agoна
октомври 22, 2025By
Media Press
На 21.10.2025 во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава.


Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

