Connect with us

Гевгелија

Во Гевгелија, одбележана 75-годишнината на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Media Press

Објавено на

Со читање поезија под отвореното гевгелиско небо, беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во рамки на културната манифестација „Гевгелиско културно лето“. Пред присутните, се обрати директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочува Друштвото, значењето на литературното творештво во современи услови и борбата за освојување нова читателска публика.

Од Друштвото на писатели на Македонија по повод прославувањето на јубилејот, свое обраќање имаа Марина Мијаковска, секретар за надворешни активности на ДПМ; Мито Спасевски, претседател на Издавачкиот совет на ДПМ и Александар Прокопиев“ кои се осврнаа на почетоците и историјатот, но и на актуелните состојби со кои се соочува Друштвото.

На платото пред Градската библиотека, стихови од своето творештво читаа: Снежана Стојчевска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Јовиќ Стојковска, Александар Прокопиев, Миле Јованоски Поречанец, Горан Анчевски, Саво Костадиновски, Лилјана Стоилковска, Љупчо Силјановски, Ленче Милошевска и Мито Спасевски. Настанот беше збогатен со настапот на Теодора Гошева, со изведба на музички нумери.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе