Василево

Во Нова Маала се гради повеќенаменски објект во партнерство со Турската владина агенција ТИКА

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во населеното место Нова Маала, присуствуваше на бетонирањето на повеќенаменскиот објект кој се гради во партнерство со Турската владина агенција ТИКА.

Просторот на кој се гради е лоциран веднаш наспроти џамијата. На површина од околу 410 м2 ќе бидат поставени различни  реквизити кои на граѓаните од ова населено место ќе им овозможат задоволување   на  повеќе потреби од културен, спортски и социјален карактер.

Дел од просторот е наменет за бина, а на останатиот ќе бидат поставени кошеви, лулашки, лизгалки и клацкалки.

Планирано е поставување и на четири клупи, како и четири рефлектори со што ќе се овозможи негово користење и во ноќните часови. Целиот објект ќе биде заграден со заштитна ограда.

Уредувањето просторот и изградбата на повеќенамнескиот објек е продолжуввање на успешната соработка што општина Василево ја има со ТИКА, која во изминатиот период во повеќе наврати има реализирано повеќе проекти на територијата на општинса Василево, во населените места во кои живее турско население.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago