Радовиш

Едукативно предавање на тема „Долготрајни компликации кај пациентите со дијабетес тип 2“ беше одржано во Радовиш

Едукативно предавање на тема „Долготрајни компликации кај пациентите со дијабетес тип 2“ беше одржано во библиотеката во Радовиш во организација на Здружението на дијабетичари од Радовиш. На истото присуствуваа членови на здружението и поканети гости. Исцрпното предавање околу покаченото ниво на шеќер во крвта и кои се последиците по здравјето го одржа Доцент д-р Искра Битоска, од клиниката за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот од Скопје.

Пред почетокот на предавањето досегашниот претседател на здружението Тони Митев си поднесе оставка поради унапредувањето во потпретседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари, при што беше назначен нов претседател младио 27-годишно момче од Радовиш, Бранко Стефанов.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари Диме Велев рече дека се од особена важност за нив ваквите едукативни предавања како и поддршката од докторите како што е доктор Искра кои секогаш се на првата борбена линија кога се во прашање потребите на на лицата со дијабетес.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago