Connect with us

Македонија

Димитров: ГОЛЕМА ЛАГА Е дека билатералниот протокол (историските прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес)

Media Press

Published

на

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров наведува дека е голема лага тврдењето на власта дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два одвоени процеси и дека спроведувањето на протоколите нема да влијае на динамиката на пристапниот процес. Притоа Димитров детално го појаснува билатералниот протокол и целиот процес како ќе се одвива во објава на својот ФБ профил.

„Значи аман!

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два одвоени процеси и дека спроведувањето на протоколите нема да влијае на динамиката на пристапниот процес едноставно НЕ Е ТОЧНО! Или уште подиректно Е ГОЛЕМА ЛАГА! Билатералните прашања сега би станале легитимни и од бугарски европски и тоа со наша согласност. И од тоа, нема да има бегање ниту поправен. Во објавените документи (го користам преводот на македонски на владата) токму спротивното е напишано црно на бело. Советот го поздравува потпишувањето на вториот протокол што е суштински елемент на пристапниот процес (како може ШТО Е СУШТИНСКИ ДЕЛ да се чита како НЕ Е ДЕЛ е прашање можеби за друга наука). Европската комисија ќе го следи напредокот во реформите во сите области, а посебно внимание ќе посвети токму на документите од членот 12 (протоколите по старо или годишните извештаи и мерки по ново). Советот ќе ги земе предвид оценките на комисијата за реформскиот напредок и за напредокот по билатералните точки по членот 12 кога ќе одлучува за сите понатамошни чекори за поглавјата или кластерите. Бугарија ќе се погрижи историјата да биде исто толку важна колку владеењето на правото, ако сакаме да мрднеме напред. Еве ги и тие делови на документите и во текст и со слики: “47. За таа цел, Комисијата внимателно ќе го следи напредокот на Северна Македонија во сите области, користејќи ги сите достапни инструменти, вклучително и стручни пoосети на лице место од страна на Комисијата и од земјите членки, дијалогот според Спогодбата за стабилизација и асоцијација и индикатори од трети страни каде што е релевантно во согласност со подобрената методологија. Комисијата редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во која било област во текот на преговорите, а особено кога ќе ги презентира предлог-заедничките ставови на ЕУ. КОМИСИЈАТА ЌЕ ПОСВЕТИ ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ЗАЛОЖБИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ И РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА КАКО ШТО Е НАВЕДЕНО ВО СТАВ 5 (Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и ГОДИШНИТЕ ПРЕГЛЕДИ И МЕРКИ ЗА НЕГОВО ЕФЕКТИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ СПОРЕД ЧЛЕН 12) и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување. 48. Советот ЌЕ ЈА ЗЕМЕ ПРЕДВИД ОВАА ПРОЦЕНКА ПРИ ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА ПОНАТАМОШНИ ЧЕКОРИ ВО ВРСКА СО ПРЕГОВОРИТЕ за соодветното поглавје или кластер.” Заклучоците на Советот: “Во таа насока, Советот го поздравува договорот за ПРОТОКОЛОТ од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор. Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, коишто ОСТАНУВААТ СУПТИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ, како и на процесот на стабилизација и асоцијација.” Бугарскиот парламент: Притоа, при одобрувањето на францускиот предлог во Собранието, Бугарија јасно и гласно потенцира дека инсистира: – “да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум низ целиот пристапен процес на Северна Македонија и дека за нивната имплементација Европската комисија ќе го информира Советот пред секоја меѓувладина конференција.” (читај, ако Софија не е задоволна нема мрдање; ќе инсистираме на контрола врз известувањето на комисијата) – “да се вклучи референца за Договорот за пријателство и протоколите од член 12 во преговарачката рамка во однос на одобрувањето на општите позиции од страна на Советот на ЕУ за меѓувладините конференции.” Во историски моменти, немаме луксуз да бидеме ниту наивни, ниту да се правиме наудрени, ниту да веруваме во добрата волја на бугарската политика кон нас бидејќи неа ја нема. Изјавата на Радев, инаку говор на омраза, кога рече дека Бугарија нема да дозволи легитимизација на македонизмот во ЕУ, всушност е кратка дефиниција на целта на соседот. Таа цел не е остварлива, но тоа ќе го направи и нашето ЕУ членство неостварливо. Да не се лажеме, Софија во вакви услови и со алатките што ги има во оваа преговарачка рамка ќе ја направи работата на историчарите исто толку важна колку борбата против корупцијата. И затоа процесот, ако се прифати предлогот, ќе биде една мачна агонија без крај.

ПС. Објавете го билатералниот протокол!“ напиша Димитров во својата објава.

Македонија

Од утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Media Press

Published

на

Од утре до средината на следната седмица подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, соопшти УХМР.

Температурите значително ќе се намалат.

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Прочитај повеќе

Македонија

Поскапува дизелот за 2 денари, ќе се продава за повисока цена од бензините

Media Press

Published

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за поскапување на дизел горивата додека бензините остануваат ќе се продаваат по иста цена. Вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот.

Според новите промени од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Македонија

Православните верници го слават верскиот празник Преображение Христово

Media Press

Published

на

Денеска  православните верници го слават верскиот празник Преображение според кој на гората Тавор Господ Исус Христос се пеобразил и ја покажал својата божествена  природа, пред тројца свои ученици.

Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан.

По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска се одржа божествена литургија и се освети грозјето . Преображение спаѓа во Христовиот пост на кој задолжително се пости и за прв пат се каснува горзје.

 Преображение Господово е еден од оние осум големи христијански празници кој секоја година се слави на 19 август, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Прочитај повеќе