Македонија
Демократски сојуз: ДА СЕ ПРОМЕНИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА
Published
1 година agoна
By
Media Press
Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, стои во реакцијата од Демикратскиот сојуз.
„Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци:
Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности.
Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата.
Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев ,Јане Сандански ,Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници,Илинден итн.
Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа.
Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија.
Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог“, стои во известувањето од Демократскиот сојуз.
Поврзани содржини
Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра
Демократски Сојуз: Ќе се формира МАКЕДОНСКИ ФБИ за борба против тешките облици на криминал и висока корупција
Демократски сојуз: Обврска на министрите е да бараат решенија, граѓаните да можат слободно да патуваат во странство
Демократски сојуз во однос на предлозите на Георгиевски: Македонскиот народ има длабоки корења
Демократски сојуз: Да не се брза со патокази, Борисов кажа се
Демократски сојуз: Да не се газат темелните вредности на АСНОМ и Антифашизмот
Македонија
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ
Published
3 дена agoна
септември 28, 2023By
Media Press
„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.
Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“ стои во соопштението од МВР.
Македонија
Приведени тројца криумчари на мигранти, едниот бегајќи од полиција удрил во наплатна станица Смоквица и во столб
Published
2 недели agoна
септември 14, 2023By
Media Press
На 12.09.2023 во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Околу 19.45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во рампа од наплатната станица Смоквица, продолжил со движење и во село Негорци удрил во столб и застанал.
Во возилото биле пронајдени 16 лица мигранти, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, а двајца со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Исто така кај Миравци биле приведени две лица, во возилото пронајдени петмина мигранти. Вчера околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).
Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
Published
3 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Повисоки плати за 10% во цела јавна администрација како и исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување.
Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција, на која истакна дека средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и дека тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ реализација на приходната и расходната страна, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година.

„Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветтиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Воедно, ја задржуваме развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни“, истакна министерот и додаде дека стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот.
Потребните прилагодувања во Буџетот, како што рече министерот, се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби кон позиции каде се преземени обврски. При тоа потенцира дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели.
Со Предлог-одлуката, како што образложи се обезбедуваат 4,25 милијарди денари дополнителни за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за пораст на пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери почнувајќи од септември 2023 година, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход, 800 милиони денари наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така обезбедени се 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест, 200 милиони денари за редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование. Обезбедени се 290 милиони денари за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, за 6.900 стипендисти студенти и за 9.600 ученици стипендисти, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, а со Предлог одлуката се направени и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за домашни компании 581 милиони денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ 300 милиони денари.

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
