Connect with us

Валандово

Во Валандово се одржува 26 – та Меѓународна ликовна колонија

Media Press

Published

на

Во тек е 26 – та Меѓународна ликовна колонија во Валандово. Градоначалникот Перо Костадинов изврши прием на уметниците учесници на годинешната ликовна колонија.

„Ми беше задоволство да разговарам со учесниците на ликовната колонија #Валандово2022.

Заеднички го потврдивме значењето на манифестацијата и вредноста која се создава преку истата. Им се заблагодарив за годинешното учество и им посакав многу успех во иднина“ вели Костадинов.

Валандовската ликовна колонија има меѓународен карактер и опстојува 26 години.

Манифестацијата беше отворена на 2 јули и ќе трае до 7 јули. Истата, се одржува во Домот на култура во Валандово, учесниците творат во техники акрил и масло на платно и создаваат уметнички дела со голема вредност.

„Насликаните дела, остануваат во сопственост на Домот на култура “25 мај” – Валандово и се од огромно значење за локална посебност на нашата заедница“, велат од општината.

Валандово

Општина Валандово го објави повикот за еднократна субвенција на лицата со попреченост

Media Press

Published

на

Општина Валандово го објави повикот за аплицирање за новата еднократна субвенција, наменета за поддршка на лицата со попреченост.

 Истиот, ќе биде отворен до 31.10.2022 година.

Се работи за финансиска поддршка во висина од 20.000 денари за лицата со следните категории на попреченост:

– Лица со тешка или длабока интелектуална попреченост;

– Лица со пречки во физичкиот развој;

– Лица со аутизам;

– Потполно слепи лица;

– Потполно глуви лица;

Документите кои се потребни да се аплицира за ова субвенција се следните:

Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченоста издаден од соодветна установа или потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијална здраствена установа;

Важечка лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател;

Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател;

Право за аплицирање имаат сите лица од погоре наведените категории, до 65 годишна старост.

Барањето за остварување на правото за ова еднократна поддршка, може да се поднесе:

онлајн преку веб или мобилната апликација на дигиталната платформа #мЗаедница, во делот за „Субвенции“;

писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;

Прочитај повеќе

Валандово

Започна изградбата на нова улица во Јосифово

Media Press

Published

на

Министерот за транспорт и врски вчера беше во посета на Општина Валандово, при што оствари средба со градоначалникот Перо Костадинов како и посета на населеното место Јосифово.

 Министерот Бочварски го означи почетокот на изградба на нова улица која ќе овозможува нов сообраќаен влез за Јосифово.

„Заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одржавме работен состанок и ја посетивме улицата “Моша Пијаде” во Јосифово, која од денес е во изградба.

Се работи за локална улица која го поврзува населеното место со регионалниот пат и локалниот пат кон Калково. Истата е со должина од 400 метри, ширина од 5.5 метри и предвидени тротоарски површини и канализирање на атмосферските води.

Изградбата на ова улица овозможува нов сообраќаен влез за Јосифово, решавање на значаен инфраструктурен проблем на граѓаните и подобри услови за живот таму“ вели градоначалникот Костадинов.

Реализацијата на оваа капитална инвестиција се спроведува од страна на Министерството за транспорт и врски, како дел од проектот за “Поврзување локални патишта во општините”.

Прочитај повеќе

Валандово

Одржана седница на Советот на Општина Валандово

Media Press

Published

на

Денеска беше одржана 13 редовна седница на Советот на општина Валандово, на која беше донесен ребалансот на Буџетот за 2022 година. Истиот, предвидува ефикасно справување со енергетската криза наредниот период, ја зајакнува социјалната компонента и ја потврдува инклузивноста во заедницата, информираат од општината.

Советот донесе Одлука за отпочнување со работа на детската градинка Детелинка во Јосифово, како најнов објект од таков карактер во општината. Се работи за енергетски ефикасен објект граден по највисоки европски стандарди, каде воспитно образовниот процес ќе можат да го следат над 60 деца.

Донесени се и други одлуки од различен карактер, кои опфаќаат повеќе сфери од општественото живеење.

Прочитај повеќе