Connect with us

Валандово

Започнува изградбата на првото унклузивно игралиште во Валандово

Avatar

Published

на

Започнува изградбата на првото унклузивно игралиште во Валандово со што се прави уште еден исчекор кон сестрана заедница која вклучува и креира еднакви шанси за секој човек ова денеска го најави градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил.

Детското игралиште, има за цел да ја подигне свеста за различностите на повисоко ниво, да овозможи место за игра на децата со попреченост со останатите деца и да направи уште еден чекор напред кон поголема инклузија во нашата заедница, велат од општината.

Изразувам благодарност кон амбасадата на СР Германија и здружението ИСЧЕКОР – ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, за иницијативата и партнерскиот пристап во реализацијата на овој проект, вели градоначалникот Перо Костадинов.

Костадинов додава дека Валандово е заедница на граѓани со големи срца.

„Го сакаме светот со многу бои, си подаваме рака еден на друг и се надополнуваме меѓусебно“, вели Костадинов.

Валандово

Костадинов: Седниците на Совет на Општина Валандово ги претворивме во бојно поле

Avatar

Published

на

Вербална расправа на 31 седница на Совет на Општина Валандово помеѓу советниците од опозицијата и градоначалникот Перо Костадинов. Во однос на извештајот за реализација на Буџетот, Градоначалникот рече дека е задоволен од реализацијата.

„Седниците на Совет на Општина Валандово ги претворивме во бојно поле“ рече градоначалникот Костадинов по поставени прашање на седницата од страна на советниците од опозицијата, кои прашаа која е опцијата за развој на Валандово и што е реализирано од програмата на градоначалникот во изминатите 6 години.

Советничката Тушевска обвини за нерационално трошење на опшинските пари, пред се за партиски вработувања, а не и за развој на општината, и дека животот во Валандово никогаш не бил полош. Таа праша ма кој начин ќе се задржат младите и колку капацитети се отворени.

Градоначалникот Костадинов рече дека е задоволен од реализиринатот и од тоа на кој начин функционира локалната самоуправа и додаде дека дискусијата е сведена на дневно политички препукувања.

повеќе на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=695045102706438

Прочитај повеќе

Валандово

Општина Валандово го одбележа 6-ти ноември, денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Avatar

Published

на

6-ти Ноември се одбележува како празник на Валандово по повод денот на ослободувањето на општина Валандово од фашистичките окупатори во време на Втората светска војна, 06.11.1944 година.

На овој ден се одржуваат повеќе настани. На свечена седница и настан, градоначалникот и Советот на Општина Валандово доделуваат награди и признанија на поединци, физички или правни лица, организации и други, кои имаат придонесено за општината и населението во изминатиот период. Исто така, граѓани, делегации на општински и државни институции, организации, политички партии и слично, положуваат свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ, кој се наоѓа во паркот „Пеонија“ во центарот на градот.

„Оддаваме почит на борците од НОБ и го славиме нивниот идеал за граѓански слободи и човекови права“, напиша градоначалникот Перо Костадинов на својот фб профил, притоа потенцирајќи го значењето на овој празник за Општина Валандово.

Прочитај повеќе

Валандово

При претрес во Валандово: пронајдени марихуана, семки од канабис, пушка…

Avatar

Published

на

На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе